Додека европските производители на авотмобили се’ уште се опоравуваат од кризата, оние од Азија, поточно кинеските, јуришаат кон врвот. Најдобар доказ за тоа е производителот BYD кој откако започна со освојување на европскиот пазар се реши да се фокусира и на оној преку барата.
Повикувајќи се на кинеските весници, повеќето еминентни сајтови за автомобилизам пишуваат дека BYD започна со креирање на физибилити студијата за исплатливоста на изградбата на фабрика во Мексико. Во оваа фабрика, кинескиот производител треба да ги произведува автомобилите наменети за американскиот пазар. Овие гласини индиректно ги потврди и претставникот на BYD во Мексико кој за тамошните медиуми изјавил дека произвдоството во странство е неопходно за создавање на меѓународен бренд.
Инаку ова нема да биде единствена инвестиција на BYD во овој дел од светот. Во наредниот период кинескиот производител ќе инвестира 620 милиони американски долари во изградбата на три фабрики во североисточниот дел на Бразил.