Барселона, 10 март 2024 (МИА) – Бразилскиот новинар Пауло Албукерке кој има 11,7 илјади претплатници, на социјалните мрежи објави дека поранешниот фудбалер на Барселона и репрезентацијата на Бразил, Дани Алвеш извршил самоубиство.
Правните застапници на 40-годишниот Алвеш ја демантираа оваа шпекулација.
На 22 февруари, судот во Барселона го осуди 40-годишниот Алвеш на 4,5 години затвор за силување девојка во локален ноќен клуб во 2022 година. Покрај тоа, на фудбалерот му е наложено да плати 150 илјади евра на жртвата во вид на морална отштета.
На 1 март беше објавено дека шпанското обвинителство побарало да му се зголеми казната на Алвеш.
Покрај Барселона, Алвеш на клупско ниво играше за Севилја, Јувентус, ПСЖ, Баја, Сао Паоло и УНАМ Пумас.
Алвеш три пати ја освојуваше Лигата на шампионите, шест пати стана шампион на Шпанија, двапати шампион на Франција и еднаш шампион на Италија.
Од: Зоран Стерјовски Извор: МИА