Скопје, 8 јуни 2024 (МИА) – Популарните актери Никол Кидман и Зак Ефрон се главните ѕвезди во новиот филм на „Нетфликс“, што ќе може да се погледне од 28 јуни. Приказната во „A family affair“ се врти околу една млада жена, нејзиниот шеф кој е филмска ѕвезда и нејзината мајка.
Педесет и шестгодишната Кидман во филмот влегува во љубовна врска со 36-годишниот Ефрон.
На кусото видео на „Јутјуб“ за претставување на филмот, лица коментираат дека Ефрон, кој се прослави со улогата на тинејџерот Трој во „High school musical“, повеќе не личи на себе. Па, се коментира и дали тој малку претерал со корекциите на лицето и како сега изгледа доста постаро.
Од Блаже Дарудов Извор МИА