Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Музика и филм

Започнува 23. издание на меѓународниот фестивал на европски филм „CINEDAYS“

11.07.2024 06:42
Сподели

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) – Под годинешниот слоган „Како е? Викај ура“, денеска започнува 23. издание на меѓународниот фестивал на европски филм „CINEDAYS“, каде ќе бидат прикажани повеќе од 40 филмски наслови. Филмските вечери ќе се одржат во периодот од 11 до 17 јули, во паркот зад Младинскиот културен центар, во киното Фросина, како и летното кино на отворено во Кинотека.

Како што е наведено во соопштението од Младинскиот културен центар, натпреварувачката програма е селекција на Бернд Будер и се состои од македонски и интернационални филмови и копродукции кои се дел од Официјалната селекција, Гала програмата, SEE програма, МК Shorts (кратки филмови), Ретроспектива на филмови посветена на легендарниот југословенски режисер Вељко Булајиќ како и кратки филмови од култниот европски автор Вим Вендерс.

Во ГАЛА програмата, „CINEDAYS“ ги носи наградените филмски остварувања од овогодинешниот филмски фестивал од Кан, како што се филмовите на Кроненберг, Вуди Ален, Корали Фержо со Деми Мур во главна улога, последниот филм на иранскиот режисер Расулоф, потоа Оноре, Жанг Жи, Хазанавициус, Полански.

Банер Банер BrandEcho

Од МКЦ велат „CINEDAYS“ е единствениот фестивал во Европа кој ја има таа привилегија да ги прикаже овие наслови директно по нивната премиера во Кан.

Овогодинешниот „CINEDAYS“ ќе го отвори македонскo-данската соработка на бендовите Ефтеркланг и Македониум бенд, кои својата концертна премиера ја имаа пред споменикот Македониум во Крушево во април минатата година, додека филмската премиера на фестивалот „CPH-DOX“ во Копенхаген на 23 март 2024 година.

– Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ Македонија. Во тој процес на регрутација на членови за новиот мета состав наречен „Ефтеркланг : Македониум бенд”, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски – Грга, кој е нивен пријател и посредник во целата авантура. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент, преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект, се вели во дописот од МКЦ.

Додаваат дека во придружната програма ќе се реализира меѓународниот проект „LIVING MUSIC“, под водство на професката Дарија Андовска, во која студенти или тукушто дипломирани режисери и композитори од Европа работат заедно во резиденцијален проект за време на фестивалот и создаваат филмска музика која ќе ја изведат во живо.

– Музичката програма на фестивалот под наслов „CINEmusic“ и оваа година носи изненадувања. Покрај свеченото отворање на фестивалот со ГАЛА концертот на „Efterklang: Makedonium band”, свој настап ќе имаат и регионалниот експериментален панк бенд „Turbo Trans Turisti“, скопскиот инди состав „СИЗ“ како и психоделичното музичко дуо „Cyril-Cyril“ од Швајцарија, стои во соопштението на МКЦ.

Билетите за фестивалот „CINEDAYS“ ќе бидат по цена од 250 денари на билетарниците на МКЦ и Кинотека, како и на линкот за онлајн продажба на билети на МКЦ, bileti.mkc.mk.

Фестивалот е финансиски поддржан од Град Скопје, Делегацијата на ЕУ преку програмата „EU Film Festivals”, Агенцијата за филм во партнерство со Публицис и Кинотеката на Република Северна Македонија.

Од Андреја Ристески Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во кино Милениум проекција на „Страста на Доден Буфан“ во знак на отворање на Месецот на Франкофонијата

(ВИДЕО) Тоше Проески и Халид Бешлиќ во заедничко телевизиско гостување – момент за паметење со изведбата на „Први пољубац“

Скромен, но стабилен раст на филмската публика во 2024 година

84 години од раѓањето на Ристо Шишков – еден од најголемите македонски актери

Слушнете како звучи во живо хитот на Аца Лукас и Драгана Мирковиќ отпеан од златните грла на Анета Молика и Јане од Фидбек Бенд

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Атина домаќин на Европските филмски награди во 2027 година

Музика и филм

Никол Кидман и Зак Ефрон во нов филм на „Нетфликс“

Музика и филм

Како вештачката интелигенција го менува светот на музиката: Револуција или закана?

Музика и филм

ПРОМО: “Нема жена како тебе” на Јоце Панов ја здогледа светлината на денот

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?