Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Музика и филм

Концерт на Националниот џез оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато

05.09.2024 08:24
Сподели

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) – Националниот џез оркестар вечер во Битола ќе одржи концерт „A Letter to Ray“ на кој гостин ќе биде Мартин Ѓаконовски – Шпато. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин.

-Мартин Ѓаконовски e македонски контрабасист и композитор кој живее во Германија и се смета за еден од најистакнатите џез-уметници во Европа. Ѓаконовски потекнува од музичко семејство; неговата мајка била џез-пејачка, а неговиот татко, Драган Ѓаконовски-Шпато, е истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер, основоположник на Биг Бендот на Радио Скопје, велат од националниот џез оркестар.

Тој од шестгодишна возраст учи виолина за на 14 години да се пренасочи кон контрабасот, по што наскоро формира свој бенд, триото Шпато.

Банер Банер BrandEcho

Во 1991 година ги започнува студиите на музичкиот универзитет во Келн. Соработува со групите на Пол Кун, Лин Ариале, Оливија Трамер, Пол Шигихара, Никола Симион, Бојан З, Андерс Берг Кранц, Омер Клајн и Биг-бендот од Франкфурт. Со музичари како Роман Швалер, Енди Мидлтон, Тони Лакатош и Чарли Маријано, настапува на најголемите европски фестивали, меѓу кои фестивалите во Загреб, Брисел, Билбао, Краков и Леверкузен. Соработува на албуми со Хуго Рид и Томас Кремер, во џез триото во Франкфурт, и Маркус Бургерс во рамки на Септер Бурбон.

Има соработувано и снимено повеќе од осумдесет ЦД-а на џез и светска музика, меѓу другите со Душко Гојкович, Пол Кун, Николас Симион, Антонио Фарао / Боб Берг, Мајкл Сагмајстер, Анке Хелфрич, Торстен Гудс, Ференц Снетбергер, Дејан Терзиќ, Европско собрание, Клаудиус Валк трио, Ратко Зјача / Симоне Занчини / Адам Нусбаум.

Концертот со наслов A Letter to Ray, велат од Националниот џез оркестар, е еден вид посвета на еден од највиртуозните контрабасисти на сите времиња и “писмо со благодарност” за неговата трага врз џез музиката.  Реј Браун е еден од најпопуларните и најплодните музичари во џез музиката чија умешност и богат звук го става на врвот на листата највлијателни џез музичари, повеќе од 50 години.

Од Славица Стефановска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Жена, сестра или мајка? Кој жали најмногу?

(ВИДЕО) Тоше Проески и Халид Бешлиќ во заедничко телевизиско гостување – момент за паметење со изведбата на „Први пољубац“

Одложени номинациите за наградата „Оскар“

Започнува 23. издание на меѓународниот фестивал на европски филм „CINEDAYS“

Златна палма за филмот „Тоа беше само несреќа“ на иранскиот режисер Панахи

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Музика и филм

Документарец за педофилијата и сексуализацијата на деца во „Никелодеон“

Музика и филм

Почина Халид Бешлиќ

Музика и филм

„Под Сена“ – нов хорор-филм за ајкула

Музика и филм

Најавена преработка на „Пирати од Карибите“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?