Париз, 9 август 2024 (МИА) – Американскиот спринтер Ноа Лајлс изјави дека се натпреварувал во финалето на 200 метри на Олимпијадата во Париз, само два дена откако му бил дијагностициран коронавирус.
Лајлс ја освои титулата во спринт на 100 метри во неделата, но не успеа да оствари двоен триумф и мораше да се задоволи со бронзата на 200 метри, додека златото му припадна на спринтерот од Боцвана – Лисил Тебого.
Американецот носел медицинска маска, што предизвика шпекулации.
-Имам коронавирус. Бев позитивен околу 5 часот наутро во вторникот. Се разбудив среде ноќ со болки во грлото и висока температура, што беа многу од симптомите што ги имав пред да се разболам. Се тестирав и покажа „позитивен“. Брзо ме ставија во карантин во хотел во близина на олимпиското село. Се обидоа да ме излекуваат со што е можно повеќе лекови за да се уверат дека моето тело ќе продолжи да функционира, рече Лајлс.
Додаде дека имал желба да биде во финалето и се дистанцирал од сите.
-Знаев дека ако сакам да излезам и да победам, морам да дадам се од себе. Немав време да складирам енергија. Тоа беше стратегијата. Но, тоа дефинитивно влијаеше на мојот настап, многу кашлав во текот на ноќта, но уште повеќе сум горд на себе што излегов на патеката и освоив бронза, прокоментира Ноа Лајлс.
Од Спорт МИА