Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Спорт

Панчев: Се надевам дека мојата биографија ќе биде инспирација за младите генерации

26.09.2024 18:40
Сподели

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) – Освојувачот на „Златната копачка“ од 1991 година, Дарко Панчев, вчеравечер при промоцијата на неговата книга – авторизирана биографија упати порака до младите да спортуваат.

– Му благодарам на Зоран Михајлов, нашиот доајен на спортското новинарство, кој цел живот го посвети на спортот, што се нафати да ја напише мојата биографија. Со своето искуство срочи книга, која мислам дека ќе ви биде интересна за читање. Можеби ги нема сите анегдоти, но има опфатено многу интересни и значајни моменти. Животот на еден спортист не е едноставен, има многу патувања, тренинзи и напорни моменти, но има и интересни случувања, на кои и денес се сеќаваме. Често се шегуваме со Васил Рингов, да имало некој да нè следи и да пишува за нас додека сме играле, тоа сигурно би било не само бестселер, туку и повеќе од тоа. Имаше убави случки, но и периоди кога не ни одеше, но сето тоа е нормален дел од спортот… Сите важни моменти од кариерата се опфатени тука.  Се надевам дека ова дело ќе биде инспирација за  младите генерации, рече Панчев.

Авторот на книгата, Зоран Михајлов, пред присутните во преполната „Литература.мк“ рече дека е тешко да се напише биографија за фудбалер со такви достигнувања какви што ги има Панчев.

Банер Банер BrandEcho

– Навистина е голем подвиг да се пишува биографија, да се истражува и хронолошки да се подреди, да се соберат сите резултати кои во фудбалот се многу евидентни. Ако не се точни, не сме ја кажале вистината. А Дарко Панчев со своите голови ја кажа токму таа вистина: дека Македонија има врвен фудбалер… Како што напишаа Французите со зачуденост, по неговиот прв настап со Црвена звезда во Франција кога даде пет од вкупно шест гола против ЦСКА Софија: „Кое е ова момче?“ Но, не знаеја дека тоа момче е Дарко Панчев, кое учеше фудбал прво на улица, па во школскиот двор, па дојде до помошното игралиште на ФК Вардар, па Градскиот стадион, па „Маракана“ каде што ја доживеа најголемата слава. Факт е дека Панчев одбележа еден фудбалски период во Европа, од Вардар кога играше првпат во Купот на европските шамиони во 1987 против Порто, тогаш во цела Европа се расчу за Вардар и за генерацијата на Панчев, потенцира Михајлов.

Книгата „Дарко Панчев: Авторизирана биографија“ е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и веќе е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Ad image

Во книгата е поместен избор од 40 фотографии од приватната архива на Панчев, кои прикажуваат важни моменти од неговата кариера и од неговиот живот.

Од Зоран Стерјовски/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Бојан Миовски: Белгија е топ репрезентација, но ние докажавме дека играме како тим

(ВИДЕО) Фудбалер се бори за живот по страшна несреќа – удри во рекламните табли

Почнува неизвесна трка за шампионска титула во Втора МФЛ

Започнува новата сезона во Формула 1

Сребрени медали во кати за Аљоша и Јадранка Недеви на ИТКФ купот во Полска

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Останати спортови

Хокеарите на Црвена Звезда ограбени во Загреб!

Фудбал

Македонија до 21 година минимално поразена од Италија во Битола

Фудбал

Њукасл потпиша договор со Жоан Виса за 55 милиони фунти!

Спорт

Верстапен протестираше на прес-конференција откако беше казнет од ФИА поради псовки

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?