“Велам Лејди”, “Десет млаџа”, “Дозволи ми”, “Супергрл”, “Свирајте ми јесен стиже дуњо моја”…се само дел од ковертите што ги има направено Ненад Вржалски, вокалот на познатата група 90 Жици (90-Strings). Програмер, професор, музичар, инфлуенсер, тоа е Ненад. Вели има време за се и воопшто не му е тешко (се смее). Иако, како што вели, програмирањето е неговата прва љубов, македонската публика најмногу го препознава по бројните настапи и свирки заедно со неговиот бенд ширум земјава.
На прашањето, што најмногу се бара на неговите “запивки”, тој вели буквално се, македонскиот народ ужива во убавата македонска музика, песните на нашиот непреболен Тоше, хитовите на Владо Јаневски, Ареа, Нокаут, но и ниедна свирка не може да помине без легендарниот Дино Мерлин, Галија, Роби Вилијамс и ред други. Ние со нетрпение очекуваме да ни сними нешто ново а дотогаш, оставаме да уживате во нашиот избор на песни од “На Запивка со 90 Жици”, а сите други можете да ги најдете на инстаграм профилот на Ненад.