spot_img

Либан истрела 25 проектили кон Голанската висорамнина

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Во Голанската висорамнина утрово се огласија сирени за тревога бидејќи Либан истрела околу 25 проектили, соопштија израелските одбранбени...
spot_imgspot_img
ПочетнаМакедонска музикаТаму негде леринско

Таму негде леринско

Таму негде леринско,
костурско и воденско,
каде наши мајки, татковци растеа,
каде први песни егејски пееа,
први солзи кај што ронеа.

Таму сакам јас да заминам,
убав Егеј да го запрашам
дали денес в’ очи гледа на вистината
што си има толку чеда во туѓината.

Таму негде солунско,
таму негде кукушко,
колку таму кутра земјата видела,
толку наши млади фиданки покрила,
колку мајки в’ црно завила.

Таму сакам јас да заминам,
убав Егеј да го запрашам
дали денес в’ очи гледа на вистината
што си има толку чеда во туѓината.

Сино небо егејско,
еј, што не си слободно,
како пиле да те прелетам еден ден,
мојта песна да ја запеам за тебе.

Таму сакам јас да заминам,
убав Егеј да го запрашам
дали денес в’ очи гледа на вистината
што си има толку чеда во туѓината.

Придружете се на Вибер каналот на Македонија Денес. Притиснете ТУКА.
spot_img
spot_img