Лондон, 12 август 2024 (МИА) – Играчот од средниот ред на Тотенхем, Ив Бисума се извини откако беше фатен како вдишува азотен оксид. Тој може да биде казнет за своите постапки, јавија медиумот од Островот.
Бисума постави клипови на „снапчет“ минатата недела на кои се гледа како користи дрога од наркотик „Ц“, познат и како „рајски гас“.
Репрезентативецот на Мали го призна своето дело и е предмет на истрага од страна на клубот. Сега за него останува да ја чека конечната одлука за да се дознае неговата евентуална казна.
-Сакам да се извинам за овие видеа. Тоа беше огромен недостаток на проценка. Разбирам колку е сериозно ова и ризиците што ги носи по моето здравје. Ја преземам целосната одговорност како фудбалер и пример за останатите, сподели Бисума во изјавата.
Од штабот на „петлите“ велат дека го истражуваат инцидентот и ова ќе се смета за „внатрешно прашање“.
Поседувањето азотен оксид е кривично дело кога има намера незаконски да се вдиши поради психоактивен ефект, но сепак е можно да се користи и во рамки на законот. На пример, за ублажување на болка при породување.
Бисума му се приклучи на Тотенхем во 2022 година и забележа 56 настапи за клубот. Ова вклучува и 26 натпревари како стартер под водство на Анже Постекоглу во сезоната 2023-2024.
Од Спорт Миа Извор МИА