Дебар, 8 септември 2024 (МИА) – По повод 8 Септември-Денот на независноста, македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка, посакувајќи „да е вечен овој голем ден, да го почитуваме и славиме“.
-Во мое лично име и во името на македонското друштво „Илинден“ – Тирана срдечни честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста на татковината Македонија. Пред точно 33 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, стои во честитката.
Овој историски ден, се додава во честитката, е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава.
-Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина, Република Македонија, се наведува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Од Вера Тодоровска, Дебар Извор МИА