Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Колумни

Можна ли е милитаризација на Европа без САД?

Сподели

За САД, после Втората Светска Војна, контролата над Европа во една или друга форма е основата на нејзината глобална хегемонија. Отпуштањето на Европа и губењето контрола над неа значи слабеење на глобалната позиција на САД, нешто што ниту една елита во Вашингтон нема да го дозволи. САД без контрола над Европа не се повеќе Светска сила број 1.

Стратегијата на Трамп во однос на Европа, поточно ЕУ е истата од првиот мандат на Трамп. Трамп е бизнисмен и размислува и дејствува како бизнисмен, за него е важно САД да бидат во плус. САД и ја гарантира воената безбедност на ЕУ, но според Трамп, ЕУ е неблагодарна, и државите членки на НАТО не трошат доволно на одбрана, посебно големите европски држави (Германија, Шпанија, Италија). Некои држави членки на НАТО уште не го достигнале нивото од 2% од БДП за одбрана. А Трамп сака тие да трошат 5% од БДП за одбрана што е невозможна мисија на кратки стази. Целта на Трамп е ЕУ да биде воено самостојна, да не зависи од САД. На тој начин, САД ќе можат да го насочат своето главно внимание против НР Кина, и да префрлат војници и техника од Европа во Индо-Пацификот.

Но не треба Европа да се отпишува. Европа има огромен потенцијал – демографски, економски и воено-технички, но е многу разединета, без главен центар. Без САД, сами по себе, ЕУ во сегашната состојба, не е способна за многу на воен и на геополитички план.

- Advertisement -

Ситуацијата со европската воена индустрија се развива според принципите на дијалектиката. Воените трошоци во Европа како целина значително се зголемија во последните неколку години, но резултатот е скромен. Значителен дел од трошоците се насочени кон набавка на  ново оружје. Европските држави купуваат оружје и воена опрема покрај од европските воени фабрики и од САД, Јужна Кореја, Израел, Турција, дури и Бразил.

Во модернизацијата и зголемување на воената моќ предничи пред се Полска и Романија, но јужна Европа значително заостанува, пред се Шпанија, Португалија и Италија. Германија и Британија се во многу тажна состојба исто. Нивните армии се бледа сенка на некогаш моќните армии.

- Advertisement -
Банер

Во многу европски земји се зголемува количината на воена опрема, системи и техника, а други растат со побавно темпо. Конкретно, во областа на воени сателити, ќе им требаат уште десет години за да достигнат какви било прифатливи нивоа.

Клучното прашање во многу земји, вклучително и Германија, Франција и Велика Британија, е недостигот од кадри и кадровската криза во одбранбената индустрија. Каде да се добијат кадри? Плус тоа што во голем број европски држави, тешката индустрија и металургијата се уништени и се затворени, а без нив нема производство на оружје и воена опрема.

На ова може да се додаде и недостатокот на офицери за зголемување на армиите, како и нискиот интерес кај Европејците да бидат војници.

Од искуството на актуелниот конфликт во Украина, гледаме дека мобилизацискиот потенцијал, значителна демографска резерва за снабдување на вооружените сили со персонал е ограничена, и е многу важен фактор кој ги ограничува движењата на големите држави, како и брзото зголемување на армиите и на производството на воена опрема и оружје.

Европските армии и воени индустрии се далеку од времињата на Студената Војна. Реалноста е дека Европа, поточно ЕУ на воен план е силно зависна од САД, и дека ЕУ во моментов не е способна сама да ја обезбеди и гарантира безбедноста на ЕУ.

Автор: Дарко Тодоровски

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Не постои партија со тапија на државноста!

Проклетство до пеколот

Саможртва за семејството и за татковината!

Русите дезинформирале, ама американците (дез)информирале

Пукна тиквата помеѓу Брисел и Вашингтон

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Колумни

Со југословенско-бугарскиот Бледски договор од 1 август 1947 година, Софија го признала и македонскиот народ и македонскиот јазик

Колумни

Како тоа „грчки“ сонца во руска црква?

Колумни

Секое како, има одговор – еве вака!

Колумни

Нема договор! Се договорија да продолжат да се договараат

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?