Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

На Пониква се одржува едукативен камп по информатика

23.08.2025 09:05
Сподели

Во организација на Здружението „Бистри умови“, со поддршка од Здружението на информатичари на Македонија и од Општина Кочани, неделава десетина најдобри и талентирани млади информатичари од Македонија учествуваат на подготвителниот камп за националните информатички тимови.

Ментори на најдобрите информатичари од Македонија се професори од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, кои истакнуваат дека покрај онлајн подготовките, ова се вистински подготовки кога сите ученици се на едно место 24 часа, со можност да им се пренесе што повеќе знаење. Во подготовките помагаат и студенти од ФИНКИ што претходно учествувале на меѓународни натпревари.

Поддршка за идните настапи на меѓународна сцена на младите информатичари им даде в. д. градоначалникот Венко Крстевски, кој со организаторите и со менторите размени мислења за можностите за натамошно унапредување на соработката.

Претседателката на „Бистри умови“ Анита Атанасова-Грчев соопшти дека здружението организира и неколкумесечни бесплатни курсеви по математика и информатика, на кои претходната година учествувале 1700 ученици од цела Македонија.

Годинашнава светска олимпијада по информатика веќе се одржа во Боливија, каде што македонските информатичари постигнаа досега најдобри резултати – два сребрени медала. Претстојат Балканската олимпијада којашто ќе се одржи во Италија, Европската јуниорска олимпијада – во Шумен во Бугарија и Балканската јуниорска олимпијада во Кипар.

Извор:kocani.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Планирани прекини на струја денес во повеќе делови од Скопје и околината

Одбележана годишнина од смртта на Ј.Х.К. Џинот

Инвестиции во основното образование во Битола

Свечено отворање игралиште за кошарка и фитнес во Виница

Водата во Скопје безбедна за пиење

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Во тек е пријавувањето за планинарскиот марш Голак 2024

Локално

Реконструкција на улица „111“: Општина Илинден инвестира во подобрување на патната инфраструктура

Локално

Општина Гевгелија: (НЕ) за крај на Месецот на машкото здравје- изработена брошура „Како си навистина?“

Локално

Трка во чест на Иле – возачот на Брза помош, кој возеше 11 пати од Кочани за Скопје на денот на трагедијата во „Пулс“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?