Планирани прекини на струја денес во повеќе делови од Скопје и околината

Според информациите од надлежните служби, денеска (4 јуни) се предвидени планирани прекини на снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови на Скопје и околината, поради технички зафати на електродистрибутивната мрежа.

Сарај:
– Од 08:00 до 15:00 часот: с. Крушопек и делови околу Општина Сарај и рекреативниот центар.

Сопиште:
– Ул. 10 и дел од ул. 134: од 09:00 до 12:00 часот.

Карпош:
– Дел од ул. Иван Цанкар и ул. Вангел Дину: од 09:00 до 15:30 часот.

Центар:
– Ул. Ленинова (кај КФСМ), бул. Партизански Одреди (зградите на Зегин и Академска Книга), ул. Стефан-Јакимов Дедов и ул. Владимир Полежиновски: од 10:00 до 13:00 часот.
– Куќите над полициската станица Водно кон Средно Водно, како и дел од МВ Шербетница (Општина Центар): од 12:00 до 15:00 часот.

Од надлежните се апелира граѓаните навремено да ги завршат своите обврски кои зависат од електрична енергија и да преземат мерки за заштита на електронската опрема.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава