Одбележана годишнина од смртта на Ј.Х.К. Џинот

Денеска се одбележуваат 143 години од смртта на учителот, преродбеникот, просветителот Јордан Хаџи Константинов Џинот. По тој повод, делегација на Општина Велес му оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговиот гроб во дворот на црквата „Св. Спас“.

Јордан Хаџи Константинов Џинот е еден од најистакнатите борци за опстанок и развој на македонскиот народен јазик. Во текот на својот живот, и покрај  прогонствата и препреките, тој успеал да развие широка дејност во наставата на народен јазик. Покрај просветата, Џинот остави траен белег во развојот на македонскиот театар како прв македонски драматург и автор на првите театарски пиеси на народен јазик.

Џинот го напишал првиот буквар „Таблица перваја“, пишувал статии за весници во Белград и Цариград, собирал народни умотворби и создавал песни и драми за потребите на неговото училиште.

Извор:veles.gov.mk

Сподели ја оваа објава