Како една од активностите за спас на езерото Младост, деновиве се исчисти дел од коритото на Отовичка река. Општина Велес ја продолжува соработката со ЈПВ Лисиче кое стопанисува со акумулацијата и во наредниот период предвидено е механичко отстранување на наслагите и другите органски материи од езерото. Истовремено ќе се проектираат и прават бушотини за доток на свежа вода како и изведба на дополнителен сифон за празнење на езерото.
Општина Велес во соработка со Владата на Република Македонија ќе работи на долгорочно и трајно решение за езерото Младост со довршување на цевководот за поврзување на акумулациите Лисиче со Младост.
Извор:veles.gov.mk
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:

