Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Шукова: ДПМНЕ и Арсовска ја занемарија важноста на булеварот Борис Трајковски

27.08.2025 21:51
Сподели

Булеварот Борис Трајковски, кој е клучна сообраќајница за жителите на Кисела Вода и Драчево, стана симбол на неуспехот на четиригодишното владеење на ДПМНЕ и Данела Арсовска. Оваа изјава ја даде Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Скопје од СДСМ, која денеска ја посети оваа важна сообраќајница. Шукова истакна дека состојбата со булеварот е резултат на целосна незаинтересираност и хаос од страна на актуелната власт.

„Четири години ДПМНЕ и нивната избраничка Данела не мрднаа со прст за да ги довршат преостанатите 2,5 км од булеварот Борис Трајковски. Барем Орце Ѓоргиевски, додека пиеја кафиња со Данела Арсовска, да ја посетеше за еден од најгорливите проблеми во неговата општина“, рече Шукова. Според неа, булеварот останува недовршен и небезбеден за над 50.000 граѓани од овој дел на градот, што е неприфатливо.

Шукова нагласи дека ваквото неодговорно однесување наскоро ќе заврши, најавувајќи целосно завршување на проектот. „Не поради политички маркетинг, не поради пи-ар, туку поради тоа што ова е базична потреба на граѓаните од овој дел на Скопје, нешто што нужно им следи и што е обврска на секој кој ја добил довербата да управува со градот“, додаде таа.

Банер Банер BrandEcho

Таа исто така сподели дека нејзината визија за Скопје е метропола со современа сообраќајна инфраструктура, логично поврзана со современ јавен превоз и сообраќајни решенија кои гарантираат ефикасност и безбедност за граѓаните. Шукова заврши со порака дека булеварот Борис Трајковски треба да биде она што Скопје го заслужува – безбеден и ефикасен за надминување на сообраќајниот метеж.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

4-9 ноември: Културно-свечени активности за 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија

Кривични пријави за „перење пари“ и „приредување игри на среќа без лиценца”

Приведено лице на граничниот премин „Ќафасан“ со активна мерка за апсење

Уапсен првиот осомничен: Шокантни детали за злоупотребата на малолетничка во Кумановско

Три децении чекање: Граничниот премин Клепало останува само сон

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Косовски Албанец осуден на 15 години затвор за воени злосторства врз Албанци во 1999 година

Македонија

Од 15 ноември – без зимска опрема нема движење! МВР со предупредување до возачите!

Локално

Карпош инвестира во дигитална иднина: 10 основни училишта добиваат ИТ училници со нова компјутерска опрема

Македонија

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на скопската обиколница во правец кон Куманово, кај клучка Хиподром, возилата се пренасочуваат по автопатот Скопје-Велес

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?