Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

103 години од раѓањето на Мито Хаџивасилев Јасмин – „првото перо“ на македонското новинарство и публицистика

21.12.2025 00:17
Сподели

На денешен ден 1922 година во Кавадарци бил роден Мито Хаџивасилев – Јасмин – македонски комунист и политичар и новинар, наречен „првото перо“ на македонското новинарство и публицистика.

Завршил гимназија во Битола. Уште во училишните клупи почнал да соработува со напредното младинско движење. Студирал на Правниот факултет во Белград. Во 1940 година е примен во членство во КПЈ и бил член на МК на КПЈ, секретар на СКОЈ во Кавадарци, член на Вториот областен комитет на КПМ, заменик политички комесар на Третата оперативна зона и на Втората бригада и член на Обласниот комитет на НОО во Битола.

По ослободувањето, од крајот на 1945 година до 1 јануари 1948 година е главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“. Во 1962 година повторно е именуван за главен уредник на весникот „Нова Македонија“. На Основачкото собрание на Здружението на новинарите на Македонија, Хаџивасилев е избран за негов прв претседател.

Банер Банер BrandEcho

Речиси две децении Хаџивасилев е член на највисоките партиски и државни органи на Републиката. На Првиот конгрес на КПМ бил избран за кандидат, а потоа и за член на ЦК КПМ. На Вториот и Третиот конгрес на КПМ одново е избран во највисокото партиско раководство, а на Седмиот конгрес на СКЈ – за член на Централниот комитет. Од 1957 година беше претседател на Идеолошката комисија на ЦК СКМ, а од 1964 до 1967 – член на ИК на ЦК СКМ и секретар на ЦК СКМ за идеолошкиот сектор. Бил и член на Претседателството и Претседател на Собранието на Македонија со едногодишен мандат од 12 мај 1967 година.

Учествува во издавањето на речиси сите централни весници во Македонија во 1944 година. Еден е од првите главни и одговорни уредници на весникот Нова Македонија.

Неговата богата публицистичка и теоретска дејност е собрана и објавена во неколку томови. Автор е на повеќе книги и брошури, а меѓу нив од областа на македонската национална историја се „ВМРО-Обединета“, „Јане Сандански“ и „За великобугарскиот шовинизам“, од областа на општествените науки „Свртени кон човекот“, „СКЈ и непосредната демократија“, „Социјалистичката распределба според трудот“, „Одраз-Израз“, „За противречностите на социјализмот“, „Односите меѓу социјалистичките земји и проблемот на мирот”. Во негова чест, во Македонија од 1969 година се доделува државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“, со која е оддавано признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

На денешен ден 1941 година починал Јосиф Михајловиќ Јурукоски – човекот кој го посвети животот на Скопје

На денешен ден 1949 година основан е Ансамблот „Танец“

51 години од смртта на Кирил Манчевски – великанот на народната песна

Палежот на Скопје – трагедија што го избриша најголемиот трговски град на Балканот

„Кралу Александру, еве ти ја Македонија“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

Галичка Свадба во 1955 година (ВИДЕО)

Македониум

Кирил Македонски – композиторот што ѝ подари опера на македонската историја

Македониум

38 години без Драган Ѓаконовски – Шпато

Македониум

На денешен ден Ѓорѓи Сугарев бил предаден од Параловци

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?