Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: 99 години од печатењето на македонскиот Абецедар во Грција
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » 99 години од печатењето на македонскиот Абецедар во Грција
Македониум

99 години од печатењето на македонскиот Абецедар во Грција

15.12.2024
Share
SHARE

Во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Сонцето од Кутлеш” со седиште во Скопје, денес во Домот на културата “Димитар Влахов“ во населбата Автокоманда, Гази Баба, се одржи академија по повод 99 години од печатењето на македонскиот Абецедар за Македонците во Грција, од страна на Владата во Атина.

Ad image

Модератор на академијата беше генералниот секретар на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и претседател на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, а за значењето на Абецедарот зборуваа проф.д-р Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” во Скопје и член на Претседателството на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Лилјана Затуроска национален координатор за локална самоуправа во Владата на Македонија и потпретседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН.

Присутните ги поздрави претседателот на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Сонцето од Кутлеш”, Јован Костадинов кој во името на здружението изрази благодарност до општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски за помошта во одржувањето на оваа академија и се заблагодари на сите основачи на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Сонцето од Кутлеш”, како и на присутните на оваа академија за годишнината на едно многу значајно прашање од историјата на Македонците во Грција.

Ad image

Проф.д-р Елка Јачева Улчар се задржа на историската генеза околу појавата и печатењето на Абецедарот како прв и единствен буквар на македонски јазик во Грција, обврска од Друштвото на народите. Но, укажа на бројните манипулации од страна на Владата од Атина и покрај обврската од Друштвото на народите за положбата и правата на националните малцинства.

Ad image

– Сметам дека по еден век крајно време е Абецедарот да излезе од затворените стручни и научни кругови. За него треба да знаат сите Македонци но, не само тие што живеат во Македонија. За него треба да знае и Брисел, ама и Њујорк, колку за споредба колку повеќе се грижеле за националните и идентитетски права и Европејците и Друштвото на народите, денес унапредено во Организација на Обединетите Нации, и колку 100 години подоцна се обезмоќени, обезгласени па дури и неми во однос на повторно развиорените националистички страсти во наводно демократските нивни членки Бугарија и Грција, – потсети проф.д-р Елка Јачева Улчар.

Проф.д-р Елка Јачева Улчар предложи повеќе настани со кои догодина во 2025 треба да се одбележи 100 годишнината од печатењето на Абецедарот во Грција и на 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, односно донесувањето на македонската азбука и правопис. Проф.д-р Елка Јачева Улчар иницира – 2025 да се прогласи за Година на македонскиот јазик!

– Абецедарот е повеќе од книга. Тој е и ќе остане симбол на истрајноста и идентитетот на македонскиот народ во услови на долгогодишна дискриминација. Судбината на Абецедарот може да се поврзе со голготата на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија, бидејќи и двата случаи се дел од историјата на систематското негирање и уништување на македонскиот идентитет, јазик и култура во Грција. Овие две приказни се испреплетуваат преку темите на културна асимилација, политичка репресија и борбата за зачувување на националниот идентитет. Судбината на Абецедарот и голготата на децата бегалци се две различни, но блиску поврзани поглавја од историјата на македонскиот народ во Егејска Македонија. Тие ја отсликуваат тежината на борбата за културно и јазично самоопределување, која продолжува и денес. И двете се потсетници за неопходноста од признавање и заштита на човековите права, особено правото на образование, јазик и културен идентитет. Затоа нивното чествување преку вакви настани е сериозен апел до секој оној кој во иднина би се дрзнал да направи вакво сериозно деградирање со последици коишто уште силно се чувствуваат и во денешницата, – рече Лилјана Затуроска национален координатор за локална самоуправа во Владата на Македонија и потпретседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН во своето пригодно обраќање на академијата.

Во своето обраќање на крајот од академијата, генералниот секретар на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и претседател на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров рече: “Остануваме посветени на трајно решение на македонското прашање, на правата и слободите – граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни до денес, и на унапредувањето на положбата и правата на Македонците во Грција. Остануваме на барањата за итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, бараме итно и безусловно еднострано распуштање на меѓувладините македонско-бугарска и македонско-грчка комисија за ревизија на македонската историја, бараме итно и безусловно продолжување на членството во Организацијата на Обединетите Нации под единственото државно и историско име Македонија!“

Организаторот извести дека за програмата за одбележувањето на 100 годишнината од печатењето на АБЕЦЕДАР-от идната 2025 година, јавноста ќе бидете дополнително известена.

Абецедарот во пдф формат можете да го погледнете ТУКА.

You Might Also Like

На денешен ден 1942 година биле убиени Борка Талески и Лазо Колевски

101 години од раѓањето на Ацо Шопов – основоположник на современата македонска поезија

93 години од раѓањето на Дарко Дамески – еден од најистакнатите македонски глумци

На денешен ден пред 77 години роден бил Ѓорѓи Колозов

Трагедија во Петлец – убиството на Даме Груев (ВИДЕО)

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?