Јахорина е најпознатиот туристички комплекс во Босна и Херцеговина. Лоциран на истоимената планина чија највисока точка изнесува 1.916 метри над морето и се наоѓа во непосредна близина на Сараево, оваа планина се прослави со Зимските Олимписки игри кои во 1984 година се одржаа во Сараево.
Поради својата географска лоцираност, за време на оние немили војни во 90-те години, Јахорина стана од стратешка важност за сите вклучени во оваа војна. Тука беа лоцирани т.н. Специјални полициски бригади, сили на про-српските сили во војната, кои подоцна учествуваа во акциите во Сребреница и Кравица.
Важноста на планината произлегува и поради тоа што е во непосредна близина на главниот град, но и врска помеѓу западниот и источниот дел на земјата.
Токму поради тоа голем дел од територијата на оваа планина била минирана. Голем дел од минските полиња се отстранети, но и денес постојат делови на планината каде се уште постојат мини.
Немил настан се случил на 30 октомври 2011 година кога параглајдерист од Словенија беше тешко повреден откако слетал на минско поле. Се работи за Симон Вогринец кој ги загубил двете нозе. Заедно со уште пет други авантуристи од Словенија се упатиле кон Јахорина со цел да ја истражат убавината на оваа планина и од воздух. Двајца од нив слетаа на средина на минско поле, а тројца во т.н. безбедна зона. Тогаш 28 годишниот Симон нагазин на мина, а поради повредите му биле ампутирани двете нозе.
„Oн тогаш ги изгуби двете нозе, но тоа не го спречи да продолжи да живее квалитетно. Е тоа е нашиот најголем успех“ – изјави Шеховац, еден од спасителите. Во своето сведоштво тој додаде дека Словенецот изгубил многу крв, а го затекнале со бројни повреди, особено по нозето.
Немилиот настан се случил во 15:10 часот по локално време, а веднаш по истиот, во 16:00 часот два хеликоптери на ЕУФОР успешно ја завршиле спасувачката мисија.
Според последните извештаи на Обединетите Нации, околу половина милион жители на Босна и Херцеговина секојдневно се изгложени на ризик од минските полиња.