Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Интересно

На брегот на Нов Зеланд пронајден угинат кит од најреткиот вид

15.07.2024 10:20
Сподели

Велингтон, 15 јyли 2024 (МИА) – Угината единка од редок вид китови е пронајдена на брегот на плажа во Нов Зеланд, соопшти во понеделникот тамошниот Оддел за конзервација.

Најверојатно се работи за рамнозаб кит (Mesoplodon traversii). Тие се толку ретки што од 19. век, на науката ѝ се познати само шест примери, според властите. Генетските примероци од угинатиот кит се испратени на анализа, но може да минат неколку недели или месеци за да се обработи ДНК-та и да се потврди видот на китот.

Китот долг пет метри, бил пронајден на 4 јули на плажа во близина на Данедин на Јужниот Остров, соопшти менаџерот за операции на Одделот за таа област, Гејб Дејвис.

Банер Банер BrandEcho

– Рамнозабите китови се еден од најнеистражените големи видови цицачи на совремието. Од научна и конзерваторска гледна точка, ова е огромно! Ваков свеж пример ја понуди првата можност досега за сецирање на рамнозаб кит, изјави Дејвис.

Консултирани се и мештаните Маори – за тоа што да се прави со китот?

– Важно е да се обезбеди соодветна почит кон ова „таока“ (богатство), којашто се покажува преку заедничкото патешествие на учење, со примена на знаењето на Маорите, додека откриваме повеќе за овој редок вид, изјави Надија Весли-Смит, претставничка на домородната заедница.

Китот засега се чува во ладилник, до одлуката за следните чекори, соопштија властите.

Од Слободан Иванов/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Пред нас се неколку години со екстремно високи температури – предупредија најголемите метеоролошки служби во светот

На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Не мораш секогаш да бидеш силен – и тоа е најсилната работа што можеш да ја направиш

Во кои земји Новата година не се прославува на 1 јануари?

Зошто повеќе не се радуваме ни кога ни се случува нешто убаво?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Интересно

Чиј закони важат во меѓуграничен простор?

Интересно

Зошто Јосип Броз Тито се смета за еден од највлијателните политичари на 20. век?

Интересно

Што значи крвава месечина?

Интересно

Колку повеќе даваш – толку помалку те ценат. Зошто добрината станува казна?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?