16 октомври 2002 година е датумот кој секогаш ќе го паметат Дејвид Симан, Артим Шаќири и сите македонски љубители на спортот. И сите поради една причина – голот на Артим од корнер.
Неочекувано и раритетно, Артим Шаќири во 11 минута при изведување на корнер постигна гол, гол кој беше прикажан на сите светски спортски медиуми, а и ден денес се “врти” на некои најавни шпици.
Три минути подоцна Бекам израмни на 1-1, а Ванчо Трајанов во 25 минута повторно погоди за водство на Македонија. Тогаш капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард израмни на 2-2, во 36 минута од натпреварот за до крајот не се постигне дополнителен погодок.
Покрај Бекам и Џерард, за Англија меѓудругите настапија и Гери Невил, Сол Кемпбел, Џонатан Вудгејт, Ешли Кол, Мајкл Овен, Пол Сколс, Алан Смит…Милошевски бранеше за нас, а во одбраната беа уште и Петров, Седлоски, Васоски и Роберт Попов. Играа уште и Шумуликоски, Трајанов, Стојановски, Митревски, Шаќири, Гроздановски, Гоце Толески и Горан Пандев. На клупата останаа Јане Николовски, Боби Грнчаров, Мирослав Вајс, Стојан Игнатов и Драган Начевски.
А инаку покрај погодокот од корнер, Симан го памети овој натпревар од причина што беше и негов последен во дресот на „Гордиот Албион“.