Килијан Мбапе долго време тренираше сам како казна за тоа што одби да ја продолжи соработката со „светците“ до јуни 2025 година.
Се шпекулираше дека тој ризикува цела сезона да дреме на клупа или трибини, но по првото коло во Лига 1, двете страни се помирија и напаѓачот беше вратен во првиот тим.
Како што пренесува Л’Екип, ПСЖ и Килијан Мбапе постигнале „џентлменски договор“ и за да се врати во тимот, напаѓачот се откажал од серија бонуси, вклучувајќи го и бонусот за лојалност и простил сума од преку 100 милиони евра.
Весникот додава дека и покрај успешниот старт на сезоната под водствот на Луис Енрике, Килијан Мбапе не се предомислил и останува на истиот став, да ја одработи последната година од договорот и потоа како слободен играч да ја одбере новата дестинација, за која се верува дека ќе биде Реал Мадрид.
За повеќе спортски содржини посетете го сајтот 24fudbal.mk.