Денеска со трката за големата награда на Бахреин започнува 75. сезона во најелитното авто-мото натпреварување, Формула 1 шампионатот. Вкупно 10 конструктори и 20 возачи ќе се натпреваруваат за тронот, а бранител на титулата е Макс Ферстапен.
За разлика од минатата сезона, оваа сезона ќе се возат 24 трки. Календарот започнува со Бахреин, а победникот ќе биде познат најдоцна на 8 декември кога се вози последната трка во Абу Даби. Комплетниот календар е прикажан во продолжение.