Шест медали за македонските каратисти на Балканското првенство

Македонската сениорска репрезентација успешно го започна настапот на Балканско Првенство за сениори и ветерани што се одржува во Будва – Црна Гора каде настапија нашите репрезентативци.

На овој голем настан учество земаа 12 држави со 350 натпреварувачи каде на првиот ден од ова балканско првенсто се постигна следниве резултати:
– Михаела Мишовска во категорија -50 кг. го освои  бронзениот медал
– Сара Дука во категорија -50 кг. го освои  бронзениот медал
– Јована Мицовска во категорија -61 кг. го освои  златниот медал
– Викторија Јовановска во категорија -61 кг. го освои сребрениот медал
– Магдалена Божиноска во категорија -61 кг. го освои бронзениот медал
– Ангела Мојсовска во категорија -68 кг. го освои  бронзениот медал

Со тоа денешниот настап заврши а утре следуваат борбите во машка и настапот во кати во женска конкуренција.

Сподели ја оваа објава