Во која европска земја се возат најстари автомобили и колку изнесува просечната старост на автомобилите во земјите од Европската Унија? Одогорите на овие прашања ни ги дава Европското здружение на производители на автомобили (ACEA) кои традиционално, секоја година ја издаваат публикацијата со статистички податоци околу староста на возниот парк.
Според податоците, во 21 земја од ЕУ, просечната старост на возниот парк е поголем од 10 години, додека просечната старост, на ниво на ЕУ изнесува 12,3 години.
Најстар возен парк има нашиот јужен сосед чија старост во просек изнесува 17,3 години. Во топ 3 земји со најголема старост на возниот парк се наоѓаат уште и Естонија и Чешка. Од друга страна, најнов возен парк имаат Луксембург (7,9 години), Данска (8,9 години), Австрија (8,9 години), Ирска (9,1 година) и Белгија (9,8 години).
Од земјите од регионот најнов возен парк има во Словенија каде просечната старост изнесува 11,2 години, просек подобар од просекот на ниво на Европска Унија, но и подобар во споредба со Холандија, Италија, Португалија, Шпанија…
Целосниот ранг е прикажан во продолжение.
Просечна старост на возилата во Европската Унија:
Грција 17.3
Естонија 16.6
Чешка 15.9
Летонија 15.2
Полска 14.9
Романија 14.9
Литванија 14.7
Словачка 14.7
Унгарија 14.6
Шпанија 13.9
Португалија 13.6
Хрватска 13.3
Финска 12.9
Италија 12.5
ЕУ 12.0
Холандија 11.7
Словенија 11.2
Франција 10.8
Норвешка 10.8
Шведска 10.7
Велика Британија 10.3
Германија 10.0
Швајцарија 10.0
Белгија 9.8
Ирска 9.1
Австрија 8.9
Данска 8.9
Луксембург 7.9