Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Сообраќајни несреќи во регионот: Најмногу жртви во Бугарија и Романија
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Сообраќајни несреќи во регионот: Најмногу жртви во Бугарија и Романија
Интересно

Сообраќајни несреќи во регионот: Најмногу жртви во Бугарија и Романија

18.02.2025
Share
SHARE

Софија, 17 февруари 2025 (МИА) – Според податоците на Институтот за безбедност во сообраќајот, во Бугарија во 2024 година се случиле вкупно 7.159 сообраќајни несреќи, во кои загинале 479 лица, а 9.046 биле повредени. Со оглед на населението од околу 6,44 милиони жители, ова значи дека на еден милион жители загинале 74 лица во сообраќајни несреќи, пишува денеска БТА и се осврнува на состојбата во соседните земји.

Романија
Во Романија бројот на сообраќајни несреќи се намалил за 5,7 отсто, а бројот на загинати за 3,9 отсто во периодот од јануари до ноември 2024 година во однос на претходната година. Според податоците на романската полиција, во тие 11 месеци се случиле 3.862 тешки сообраќајни несреќи, при што загинале 1.333 лица, а 2.980 биле тешко повредени.

Од јануари до ноември, полицијата изрекла 1.790.503 санкции за сообраќајни прекршоци, од кои 662.608 биле за пречекорување на брзината. Романија во 2023 година била на второ место по број на смртни случаи во сообраќајот во регионот, со 81 загинат на милион жители.

Србија
Во Србија, бројот на сообраќајни несреќи во 2024 година благо се намалил, но бројот на загинати останал речиси ист – 501 лице или 75 загинати на еден милион жители. Вкупно се случиле 31.922 несреќи, со 18.807 повредени лица. Најчести причини за фаталните несреќи биле несоодветна брзина (44 отсто), губење контрола над возилото (14 отсто) и возење под дејство на алкохол (14 отсто).

Ad image

Во февруари во Србија стапи во сила мерката за привремено одземање возила на возачи со најтешки прекршоци, при што досега се запленети 348 возила.

Северна Македонија
Во Северна Македонија, бројот на сообраќајни несреќи во последните години се зголемува. Во 2024 година се регистрирани 8.457 сообраќајни несреќи, при што загинале 142 лица (68 на еден милион жители). Бројот на загинати во последните години е во пораст: во 2021 загинале 116 лица, во 2022 – 124, а во 2023 – 127.

Најчести причини за несреќи се пречекорена брзина, одземање на предност, неправилно вртење, возење под дејство на алкохол и возење без возачка дозвола. Минатата година биле откриени 19.000 лица кои управувале возило без положен возачки испит. Најмногу несреќи се случуваат во Скопје.

Грција
Во Грција во 2024 година бројот на сообраќајни несреќи се зголемил за 3,9 отсто, достигнувајќи 11.293 несреќи. Бројот на загинати се зголемил за 6,2 отсто, со 654 загинати во 615 несреќи. Грција е меѓу земјите во ЕУ со најмногу жртви во сообраќајот – 61 загинат на еден милион жители, што е за 33 отсто над просекот на ЕУ.

Турција
Во Турција во 2024 година се случиле 623.148 сообраќајни несреќи, од кои 2.289 биле со смртни последици. Вкупно загинале 2.713 лица (32 на еден милион жители), а 388.644 биле повредени. Главни причини за несреќите биле пречекорување на брзината (105.783 случаи), непочитување предност (45.045) и несоодветно движење низ сообраќајните ленти (25.218).

Во однос на 2023 година, бројот на загинати во Турција е намален – тогаш имало 2.424 несреќи со смртни последици, во кои загинале 2.984 лица, наведува БТА.

Од Сања Костовска Извор МИА

You Might Also Like

Монтреал воведува 24-часовна работа на одреден број кафулиња

На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Најчестите несоодветни и непристојни прашања кон родителите на единец

Твоето тело се сеќава на нешто што умот одамна го заборавил – еве како

Добри вести од 2024 година кои можеби сте ги пропуштиле

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?