Бум на странски туристи: Во април дури 8 од 10 гости беа странци – Турците, Германците и Французите во врвот!

Во април 2025 година, Македонија ја посетиле 96.943 туристи, од кои дури 78.6% биле странци, покажуваат најновите податоци за туризмот. Домашните туристи сочинувале само 21.4% од вкупната бројка.

Бројот на ноќевања изнесувал 171.886, при што 73.5% се припишуваат на странските гости. Во првите четири месеци од годината, туризмот бележи раст од 13.4% – странските туристи се зголемиле за 21.6%, додека домашните бележат пад од 4.2%.

Најмногу странски туристи во април пристигнале од:

  • Турција – 21.124

  • Германија – 11.097

  • Србија – 4.905

  • Франција – 4.881

Овие бројки укажуваат на силен интерес од странство и потенцијал за натамошен развој на туризмот, особено со фокус на интернационалните пазари.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава