Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Колумни

Црвените линии на велепредавството: Некои прашања не заслужуваат одговор!

ФОТО: Тодор Петров
Сподели

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Лидерот на социјалдемократите во слободен пад, повторно поткрева црвени линии… Со епилог: Да ги впишиме Бугарите во Уставот за да почнеме со разговорите за членство во Европската Унија. И ако тоа не биде последно, се повлекуваме… Да не е комично, ќе беше трагично… Бидејќи, веќе е видено: Европската Унија не дава никакви гаранции дека “Бугарите во Уставот” ќе биде последното барање од Софија. А, Софија истото постојано го повторува: Бугарите во Уставот не се последното барање! И ние повторно треба да думаме за некои црвени линии. Како паднати од Марс или шлакнати со мокра ѓетичка по глава. Иако, потврдено, црвените линии секогаш завршувале со велепредавство и геноцид како злосторство против Македонците.

Сега, Венко Филипче додава: Ако и ова преку источната граница не помине, е тогаш ќе видат клетите Бугари. А, бре, што ќе видат Бугарите, кога ние, Македонците, од Софија се’ видовме! Кај Софија нема последно барање! Софија има едно и единствено барање: Македонците да ги нема, за Софија Македонците се Бугари, бидејќи шарлатанот Зоран Заев ексклузивното право врз културата и историјата на Македонија и’ го предаде на Атина со Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година! Од 17 јуни 2018 година Македонците се Грци и ексклузивно право во светот на употреба на етнонимот Македонци имаат само Грците! “Нашите“ доброволно се откажале и прифатиле дека сме “северномакедонци“. Атина и Софија веќе се договорија! Порано Атина со Белград имаше договор од 1924 година – Тие на север од Евзони (по македонски Мачуково) Срби, а тие јужно од Гевгелија Грци. Сега за Атина и Софија од 2018 година важи – Тие на север од Евзони Бугари, а тие од Гевгелија на југ пак Грци. Венко Филипче со црвените линии е како оној што барал, ама за пола цена добил право на половина, кога оваа го предупредила дека не е пола, овој возвратил, да де, јас втората половина.

- Advertisement -

Исто е и со Бугарите, додека “нашите” ги договорат црвените линии отиде се’ по ѓаволите! Демек, ако и ова не помине, е тогаш ќе видите. По онаа народната: Бате, бате, доста ме бранеше, ме отепаа!

А, бре, аман! Доста! Доста е! Зарем не Ви е доста од предавствата кои во континуитет ги извршивте на оваа држава и нација откако замина во историја поранешната Југославија? Да, окото е незаситно, ама и сите блага на оваа планета да ви ги дадат, нема да ве заситат. Е, така се градат облакодери во Дубаи, се купуваат авио-компании во Њу Делхи, вили во Елада… Ако не било “северна“ ќе ги отепале?! Па, секој кој се заколнал дека ќе го брани интегритетот и суверенитетот на државата и нацијата си го ставил некрологот под мишка. Ако не си способен, ѓитла, не лажи, не кради, не јади леб за џабе!

- Advertisement -
Банер

Алооо: Името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ! За тоа зборуваме! Тоа го предадовте и продадовте: Името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ! Тие се единствената црвена линија!

Таа била цената за влез во ЕУ и НАТО! Па, кој ви го даде тој мандат да ја пикате државата каде што народот не сака? Суспендиравте одлуки на два референдума и уште не висите на гранка! Предавството не е демократија! За смртна казна заслужува промената на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ! Ама, на едно глувче да му летнеше главата, немаше да шетаат по земја, ни едно не ќе излезеше од септичка јама и канализација каде што им е и местото.

Ви текнува кој беше слоганот на СДСМ во кампањата против референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа на 7 ноември 2004 година?

Некои прашања не заслужуваат одговор!

И? И… и ја сменија етничката и верската карта на Македонија. Денес, ниту прашуваат, ниту можат да одговорат зошто Македонија емигрира?! Поради вашите предавства емигрираат Македонците, бидејќи демократијата ја претворивте во башибозук и никој не ги штити правата и слободите на Македонскиот народ, на граѓаните македонски! Врз Македонците во Македонија се спроведува апартхејд, тивко етничко чистење! Зарем не го гледате тоа или ослепевте од провизиите врз грбот на народот?

Не барајте повеќе црвени линии! Туку прочитајте го Уставот на државата Македонија пред 11 јануари 2019 година, членот 1 и 2 велат: Македонија е суверена и самостојна држава, чиј суверенитет е неделив, неотуѓив и непренослив, произлегува од граѓаните и ним им припаѓа, а тие пак власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници и по пат на референдум! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите, без исклучок!

За жал, законодавната, извршната и судската власт – Собранието, Владата и судовите ги суспендираа демократијата и суверенитетот на државата: Ја пикнаа Македонија во НАТО и упорно прифаќаат еутаназија за да не докрајчат во Европската Унија. Кое проклетство е влезено во власта, која и да е, тоа е чудо!

И не заборавајте: Собранието и Владата се должни да ги имплементираат одлуките на референдумот во Уставот и законите!

И бидејќи повторувањето е мајка на знаењето!

На референдумот одржан на 8 септември 1991 година, речиси четири петини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, ГЛАСАА ЗА “суверена и самостојна држава Македонија” без додавки и без придавки!

На референдумот, пак, одржан на 30 септември 2018 година, речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, НЕ ГЛАСАА ”за членство во ЕУ и НАТО” и НЕ ГО ПРИФАТИЈА “договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција”, односно ја отфрлија Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Затоа, барањето за: Итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година; итно и безусловно продолжување на членството во Организацијата на Обединетите Нации под единственото државно, историско и генеричко име Македонија; и итно и безусловно еднострано распуштање на македонско-бугарската и македонско-грчката меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја! Бидејќи и двата договори го санкционираат Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, со единствена цел: Македонија од држава да стане територија без Македонски народ и историја, чии администратори ќе бидат Атина и Софија!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Колумната е личен став на авторот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Денот на победата над фашизмот наспроти „Денот на Европа“

Како тоа „грчки“ сонца во руска црква?

Пукна тиквата помеѓу Брисел и Вашингтон

Помеѓу длавоката и правната држава

ЕУ-робија? Не, благодариме! Македонија се буди!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Колумни

Секое како, има одговор – еве вака!

Колумни

Македонија има вечни интереси

Колумни

Митридат и денешниот Македонец

Колумни

Македонските вредности наспроти анти-вредностите на блудницата вавилонска!

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?