Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Колумни

ЕУ-робија? Не, благодариме! Македонија се буди!

18.05.2025 23:31
Сподели

Пишува: Зоран Јованчев, член на Претседателството на Родина Македонија

Браќа и сестри Македонци, доста ни е! Од денот кога се осамостоивме, ни ја продаваат истата бајка: „ЕУ е вашата единствена иднина!“ Триесет и четири години ни го повторуваат истото, како во времето на комунизмот, кога имаше само една „вистина“! ЕУ не е идеја – тоа е ново едноумие, нова тиранија, што не трпи ни збор против! Секој ден, на секој канал, 24/7, ни кажуваат: „Без ЕУ сте никој!“ А ние Македонци, древни и стамени, со дела кои се почитувани помеѓу народите!

Кои се тие што ни проповедаат за ЕУ? Истите западни сили што ја основаа Европската заедница за јаглен и челик во 1951 година – Франција, Германија, Италија, Белгија, Холандија, Луксембург. Истите што после Втората светска војна, ги бомбардираа нашите браќа во Егејска Македонија, ги протераа, ги избришаа! И тие ни зборуваат за „мир“? Тие што ги менуваа границите на Србија со Косово? Не, браќа, западот не научи ништо од своите грешки – само смени маска!

Ad image

ЕУ ни ветува единство, а ни дава бирократски ланци! Националните интереси на малите, како нас, ги газат за да ги задоволат големите играчи. Богатите стануваат побогати, сиромашните посиромашни, а мигрантската криза и нивната збунета надворешна политика само ни покажуваат колку се растурени! И после сè, ни велат: „Променете си го името, продадете си го идентитетот, за да ве примиме!“ Па, кој нормален народ би прифатил таков срам?

Банер Банер BrandEcho

Гледајте ја вистината, народе! ЕУ не е единствениот пат! Погледнете ги Швајцарија, Норвешка, Исланд, Монако – не се во ЕУ, а живеат подобро од повеќето членки! Погледнете ја Македонија во времето на Груевски – економијата ни напредуваше подобро од многу ЕУ-држави! И што направија? Ни ја донесоа „Шарената револуција“, платена од западните центри за пропаганда, за да нè срушат! Сега гледаме Русија – под санкции, исклучена од западниот свет, а сепак расте економски. Зошто? Затоа што верува во себе, а не во туѓи бајки!

Зошто тогаш ние, Македонците, сè уште се држиме за ЕУ? Затоа што имаме политичка елита без р’бет, рециклирана како пластична амбалажа, и интелектуалци што за едно кафе во Брисел би ја продале и мајка си! Тоа се нашите „кафеави сахиби“, слуги на Западот, создадени да нè колонизираат. Негативната селекција ни го извади најлошото, а Западот им аплаудира, зашто им служат верноподанички!

Но, народе, гледај ги фактите: патот кон ЕУ нè уништува! Нашите деца заминуваат, нашите села празни, нашиот идентитет избришан. ЕУ ни нуди „шарени огледалца“, морална пропаст, сè спротивно на нашиот македонски дух, на нашите вредности! Од антиката па до денес, ние сме народ што живее по правда и чест, а не по туѓи догми!

Доста беше! Време е да се кренеме! Да го фрлиме „еуробскиот“ менталитет во канта и да си ја вратиме слободата! Нашиот пат е Родина Македонија – име што ја носи нашата душа, нашата грутка, нашиот род! Да изградиме систем достоен за македонскиот народ, каде нашите деца ќе растат горди и слободни, а не како слуги на Брисел!

Македонија на Македонците! Слобода или ЕУ!

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Не постои партија со тапија на државноста!

Македонија има вечни интереси

Помеѓу длавоката и правната држава

Секое како, има одговор – еве вака!

Името на државата е идентитетот на нацијата!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Колумни

Системот меѓу Дон Кихот и Пабло Ескобар

Колумни

Македонските корени на софиските врховисти и на бугарските фашисти

Колумни

Русите дезинформирале, ама американците (дез)информирале

Колумни

Ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано!

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?