Global Fire Power секоја година објавува ранг листа на земји според воената моќ. Со индекс од 2.4042 поени Македонија на последното рангирање се наоша на 112 позиција за 2025 година што претставува пад во однос на претходно рангирање. Тој пад е благодарение и на напредокот на Камбоџа, Камерун, Танзација, Ерменија, Албанија и Јордан на листата.
Едно место пред нас е рангирана армијата на Зимбабве, а на листата пред Македонија меѓудругите земји рангирани се и Замбија, Гана, Лаос, Киргистан, Монголија, Гватемала, Камбоџа…
Македонија пак, е подобро рангирана од Јужен Судан, Уганда, Либан, Намибија, Црна Гора, Еритреја, Ел Салвадор, Босна и Херцеговина, Косово…
Од друга страна во топ 5 најмоќни војски во Светот се наоѓаат: САД (1), Русија (2), Кина (3), Индија (4) и Јужна Кореја (5).
Целосната ранг листа можете да ја погледнете ТУКА.