Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Репортажа

Детското одморалиште во Љубанци личи на хорор-филм – руини, пустош и заборав од институциите!

02.12.2025 00:18
ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk
Сподели

Некогаш исполнето со детска смеа, трчање по тревниците и воспитувачки што држат ред меѓу групи возбуда – денес, Детското одморалиште „Страхил Андасаров“ во Љубанци стои како мрачен споменик на едно минато кое никој веќе не се труди да го зачува. Објектот, кој децении беше дом на летните и зимските дружења на генерации основци од Скопје и пошироко, денес е целосно руиниран, обраснат во грмушки и буквално заборавен од институциите.

Нашата редакција ја посети локацијата – и сликата таму остава горчлив вкус. Приодниот пат е покриен со кал и измет од животни, а старите бетонски плочи се напукнати и покриени со мов. Таблата со името на одморалиштето повеќе ја нема. Собите, во кои некогаш преспиваа групи деца и работилниците во кои се одржуваа работилници и дружења, денес се без покриви, со искршени прозорци, пропаднати подови и излупени sидови. На места дури навлегува светлина низ големи отвори во конструкцијата – како да ја бележи секоја година занемарување.

Внатре, хаосот зборува сам за себе. Расфрлани рамки од стари кревети, метални рамки извиткани од рѓа, по некое парче мебел разнесени којзнае од кого. На неколку места се гледаат остатоци од стари цртежи и детски пораки на sидовите – единствениот жив доказ дека ова некогаш било место полно љубов, енергија и топлина.

Банер Банер BrandEcho

Она што паѓа во очи е дека во целост е откорната електричната инсталација, па забележителни се искршените ѕидови од кои буквално е откорнат кабелот.

Локалните жители од Љубанци велат дека одморалиштето е оставено само на себе веќе повеќе од една деценија.

Ad image

„Пред некои 30 години уште носеа деца тука, после тоа никој не дојде. Само да поминете – ќе видите, ништо не е допрено, сè е запуштено. Ние само гледаме како пропаѓа,“ вели еден мештанец, кој нè следеше додека ги разгледувавме урнатините.

Иако одморалиштето е во сопственост на Град Скопје, до денес не е направен ниту еден чекор за негова санација, реставрација или барем заштита од дополнително уништување. Повремени најави за реконструкција се појавуваа во изминатите години, но ниту една не прерасна во реална акција. Дел од граѓанските организации веќе подолг период алармираат дека објектот има потенцијал да стане модерно младинско, рекреативно или едукативно центарче, но институциите остануваат неми.

Посебно трагично е што одморалиштетo „Страхил Андасаров“ не е обичен објект – тука многу генерации скопски деца го поминаа своето прво летување, првото одделување од дома, првите патеки во природа, први другарства и први спомени кои траат цел живот. Местото не е само бетон и дрво – тоа е парче колективно детство.

Но денес, во срцето на природата кај Љубанци, тишината и пропаѓањето се единствените жители. Одморалиштето е симбол на тоа како едно општество лесно може да го заборави она што најмногу му значело – децата и нивните приказни.

Додека институциите премолчуваат, а времето немилосрдно нагризува, останува прашањето: ќе дозволиме ли уште една генерација да порасне без можност некогаш да го доживее детскиот рај што ние го имавме? Или ќе се појави волја конечно да се спаси ова место од бришење?

За сега, Детското одморалиште во Љубанци останува како живо потсетување дека заборавените места најсилно зборуваат – за заборавените вредности.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Од куќа до куќа со песна: Водичарите како чувари на верата и традицијата во Булачани

Го губиме и Калиманско Езеро (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Каменица како да не е македонска – чистота и уреденост како во Швајцарија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Многу забава и вкусно јадење – викенд во Делчево чини колку ручек во Охрид

Браво за целата организација – погледнете зошто новогодишниот базар во ООУ “Никола Карев” во Кочани деновиве е во центарот на вниманието ( Фото + Видео)

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Репортажа

Репортажа од Сремски Карловци: Град каде што историјата дише на секој чекор

Репортажа

Музеј што сведочи за солидарност – а денес сведочи за негрижа

Репортажа

Одморалиштето Голак нем споменик за едно убаво детство (ВИДЕО)

Репортажа

Скопје треба да учи од Ниш

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?