Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Репортажа

Многу забава и вкусно јадење – викенд во Делчево чини колку ручек во Охрид

15.08.2024 21:06
Сподели

Го посетивме Делчево викендот на 10 и 11 август кога беше центар на музичките збиднувања во Македонија. На два часа возење од Скопје се наоѓа, сместено во Пијанечката Котлина се наоѓа Делчево.

Contents
Три базени – најмногу во Источна МакедонијаЛето со многу забаваДостојни цени, вкусна храна и одлична услугаИма што да се види▶ Случајно видео

Раздвиженоста во градот е забележителна уште од утрото. Подоцна разбравме дека сабота тука е пазарен ден. Љубопитни се упативме низ градските улици, седнавме на кафе и поразговаравме со случајни минувачи.

Ги забележавме гостите од Бугарија кои тука се секоја сабота, а по улиците доминираа автомобили со словенечки, германски, италијански регистарски таблички. Чумата на иселување можеби е најприсутна во Делчево и околните градови. Токму и затоа според последниот попис во Делчево живеат 9.644 жители, бројка која во меѓувреме е уште смалена.

Банер Банер BrandEcho

Три базени – најмногу во Источна Македонија

Ако нѐ прашувате кој град во Македонија, освен оние сместени покрај трите природни езера, нуди најдобри услови за поминување на летниот период, тогаш дефинитивно тоа е Делчево.

Најголема причина за тоа се трите базени и тоа: Градскиот базен кој годинава е целосно реновиран, базенот во рамките на Хотел Санрајс и базенот во Парк Панорама. Сите три се одлични, средени и чисти. Нудат одлична програма, особено за викендите. Делчево е градот со најмногу базени во Источна Македонија, а по број на жители сигурно и на првата позиција во Македонија.

Ad image

Во рамките на Хотел Санрајс се наоѓа и спа центар, а атрактивноста се зголемува и со близината на Беровското и Калиманското Езеро.

Возењето велосипед или планинарењето се исто така дел од активностите што може да се извршуваат во Делчево и околината.

Лето со многу забава

И делчевчани ќе го паметат ова лето како лето со најмногу забава. Трите базени и бројните угостителски објекти си го направија своето, па меѓусебната конкуренција влијаеше за богата културна и забавна понуда.

Исполнето со музика за сечиј вкус и со бројни настапи, ова лето во Делчево настапуваа Нокаут, Црвена Јабука, Галија, Аца Лукас, Жељко Самарџиќ, Анабела, Дарко Филиповиќ, Амаедиус Бенд, Филип Јордановски, Ален Хасановиќ, Стојне Николова …

Музика има во секој угостителски објект. За викенд е задолжителна, а неизостанува и преку неделата. Петок и сабота вообичаено се резервирани за живи свирки. Тука е диското Клуб 44 каде има забави до раните утрински часови.

Достојни цени, вкусна храна и одлична услуга

Достојни цени, вкусна храна и одлична услуга. Тоа е она што може да се заклучи од дводневната посета на Делчево. Пастрмајлијата е специјалитет во Делчево, а домашната сливова ракија е неизоставен дел од секоја дружба. И тоа е нормално ако се знае дека Пијанечката котлина е погодна за одгледување на сливи, нешто што се практикува и покрај ниската откупна цена.

Во однос на цените еве и некои од нив:

Хотел за двајца со доручек – 1.500 денари
Кафе – 50 денари
Кока Кола – 60 денари
Пиво – 90 денари
Жолта ракија – 70 денари
Пастрмајлија – 220-250 денари
Пица – 220 денари
Ручек за двајца – 750 денари
Вечера за двајца – 650 денари
Влез во базен за двајца со две лежалки – 200 денари

„Викенд во Делчево чини колку ручек во Охрид“, ни изјави 37 годишниот Горан, жител на Делчево, на нашиот коментар за цените во градот. И не е многу во грешка. Иако не водевме точна евиденција за трошоците, но од “ракав“ посетата на Делчево со едно спиење, без гориво и патарини не чинеше околу 4.100 денари, со посета на еден од базените, доручек, вечера. два ручеци, две кафе дружби…

Предлог ресторани: Трла, Две Липи, Беровец, Панорама, Монопол’о
Предлог кафе барови: Пабо, Валиум, Аполо
Предлог хотели/сместувачки капацитети: Вила Аспен, Хотел Либеро, Хотел Санрајс

Има што да се види

Голак е првата дестинација на која ќе помислат повозрасните кога ќе се спомене Делчево. Се наоѓа на 12.5 километри од Делчево или околу 20тина минути возење. Се вози по одлично асфалтиран пат со зачувана хоризонтална и вертикална сигнализација. Во тие 20тина минути се вози и под густа шума, а ќе бидет сведоци и на одличен поглед кон Градот.

На Голак се наоѓа денес руинираното Детско одморалиште, кое можеби некогаш беше и најдобро во Македонија. Тука е и новата Вила Аспен каде може да преспиете како и Вила Гранит каде може да испиете кафе или уште посоодветно на околината, на една жолта и шопска.

На некој километар оттука се наоѓа и Врвот Чавка како и Манастирот Свети Пантелејмон.

Покрај Голак кој во никој случај не треба да го одминете, во близина на Делчево се наоѓа и славното село Разловци. Тука се наоѓа и Спомен домот посветен на Разловечкото востание, но истиот е во руинирана состојба.

Во близина се наоѓа и селото Град каде над селото се наоѓа тврдината Градиште. Во близина на Делчево е и езерцето Сандански кое не го посетивме како и рибникот Желавица.

ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk
ФОТО: Македонија Денес makedonijadenes.mk

Доколку Делчево ви е премалку за два дена тогаш можете да се упатите и во околните градови. Пехчево се наоѓа на 25 минути возење каде може да посетите некои од водопадите. Во близина е и Берово со Беровско Езеро.

Езерото Калиманци и Македонска Каменица се на 25 – 30 минути возење. Тоа е мал град кој не смеете да го одминете, а да не прошетате.

JobFinder.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →
Банер

Може ќе ви се допадне

РЕПОРТАЖА: Споменикот на слободата во Кочани – споменик на континуираната борба на македонскиот народ

Ѕирнете во предновогодишната магија на мексиканскиот ресторан Señor Truco во Неготино и нивниот божиќен базар

Браво за целата организација – погледнете зошто новогодишниот базар во ООУ “Никола Карев” во Кочани деновиве е во центарот на вниманието ( Фото + Видео)

Го губиме и Калиманско Езеро (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пет години од последниот воз за Кочани – железничката станица единствен спомен (ВИДЕО)

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Репортажа

Мала оаза на нежност – локал во Кочани преплавен со мечиња

Репортажа

Детското одморалиште во Љубанци личи на хорор-филм – руини, пустош и заборав од институциите!

Репортажа

Срамно! Се распаѓа Спомен-домот во Разловци

Репортажа

Од куќа до куќа со песна: Водичарите како чувари на верата и традицијата во Булачани

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?