Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Репортажа

Од куќа до куќа со песна: Водичарите како чувари на верата и традицијата во Булачани

30.01.2026 14:42
Сподели

Зимата во село Булачани, сместено во североисточниот дел на Скопската Котлина и административно во рамки на Град Скопје, носи посебна магија што се чувствува во секој негов сокак. Според жителката на селото, Симона Велковска, Булачани е место со длабоки корени, богата историја и силно чувство на заедништво кое со децении се негува меѓу жителите. 

Името на селото, како и неговиот развој, се поврзуваат со природата, водата и традиционалниот начин на живот, а мештаните се познати како вредни, гостопримливи и посветени на зачувување на своите обичаи и вера.

Банер Банер BrandEcho

„Зимскиот период за нас има особена тежина и убавина, затоа што токму тогаш се случува еден од најважните настани во годината – празникот Богојавление, на 19 јануари, кој воедно е и селска слава посветена на Св. Јован Крстител“, вели Велковска. Таа нагласува дека овој празник не е само верски чин, туку симбол на прочистување, духовна обновa и силна поврзаност меѓу луѓето во селото.

Ad image

Како што објаснува таа, уште од раните утрински часови на Богојавление, низ Булачани тргнуваат водичарите и водичарките – млади момчиња и девојчиња кои, облечени во традиционални носии, со песна одат од куќа до куќа и ги канат селаните на вечерната церемонија. Овој обичај има длабоко значење, бидејќи преку него се изразува почит кон секое домаќинство и се пренесува благослов за здравје, бериќет и слога. Вечерната прослава, како што истакнува Велковска, е централен момент на празникот.

„Има музика, традиционална храна и пијалоци, а најважно од сè – дружење и заедничка радост. До крајот на вечерта, секој присутен има можност да се надава за кум на црквата, што е чест и обврска што со години се почитува како дел од нашата традиција“, додава таа.

Традицијата на водичарите и водичарките во Булачани, според Велковска, трае повеќе децении, а според некои сведоштва и повеќе од еден век.

„Водичарите се симбол на младоста и продолжувањето на традицијата. Тие се врската меѓу минатото и иднината, чувари на песната, носијата и духот на празникот“, вели таа, потенцирајќи дека токму преку ваквите обичаи селото ја зачувува својата културна и духовна посебност.

Во изминатите неколку години, значајна улога во подготовките има и раководителот на Фолклорниот ансамбл „Седенка“, г-дин Роберт Ангеловски, кој е задолжен за носиите и песните. Тој, како што вели Велковска, со голема посветеност ги подготвува водичарите и водичарките уште еден месец пред празникот, вложувајќи труд и знаење за секој детаљ да биде автентичен и достоен за традицијата.

Симона Велковска е позната во селото и по својата активна улога во заедницата. Таа во септември 2025 година, заедно со својот чичко Владо Велковски и Црковниот одбор, организираше голем музички концерт под мотото „Во ритам на хуманоста“.

„Целиот настан беше организиран со една цел – сите собрани средства да бидат наменети за реставрација на црквата Св. Јован Крстител, која за нас има огромно духовно и историско значење“, истакнува Велковска. Според неа, токму ваквите настани – и верски и хуманитарни – се доказ дека Булачани не е само место на живеење, туку жива заедница која знае да се сплоти, да помогне и да ја чува својата традиција, вера и идентитет.

фото: Ф.А. Седенка

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Мала оаза на нежност – локал во Кочани преплавен со мечиња

Четири години од последниот воз за Кочани – железничката станица единствен спомен (ВИДЕО)

Детското одморалиште на Водно – наместо симбол, руиниран срам

Одморалиштето Голак нем споменик за едно убаво детство (ВИДЕО)

Вила Аспен – Голак, совршено место за ваша викенд дестинација

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Репортажа

Репортажа од Сремски Карловци: Град каде што историјата дише на секој чекор

Репортажа

Скопје треба да учи од Ниш

Репортажа

110 години од раѓањето на Смилевски – Бато – Спомен домот се распаѓа

Репортажа

Музеј што сведочи за солидарност – а денес сведочи за негрижа

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?