Го губиме и Калиманско Езеро (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Речиси и да нема ден, а да не бидеме сведоци на некој нов еколошки проблем. Како да за природната убавина со која изобилува Македонија воопшто нема место. Покрај шумите, на удар се и реките и езерата.

Преспанското Езеро од година во година, полека, но сигурно исчезнува. Проблем има и со вештачките езера. Така пред некоја недела водата беше забрането капење во Велешкото Езеро, а деновиве сме сведоци на големиот проблем со водостојот на Калиманско Езеро.

Водостојот на езерото е на многу ниско ниво, а намалениот водостој на Брегалница и Каменичка Река, како и отсуството на дождови се главната закана за иднината на езерото.

ИЗГРАДЕНО ПРЕД 55 ГОДИНИ

Во 1969 година со изградба на браната, а благодарение на водата од Брегалница и Каменичка Река, создадено е Калиманци. Основната намена е наводнување на оризовата површина во Кочани како и обработливото земјиште во Овче Поле. За таа цел изградени се и два канала од кој едниот со должина од 98 километри.

Секундарна намена е производството на електрична енергија за чија цел е изградена и мала хидроелектрана со вградена моќност од 13,8 MW.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ВИДЕО

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава