Браво за целата организација – погледнете зошто новогодишниот базар во ООУ “Никола Карев” во Кочани деновиве е во центарот на вниманието ( Фото + Видео)

Како и во повеќето училишта низ државата, деновите пред Нова година и Божиќ, се одржуваат училишни базари, каде што ученици со свои лични изработки учествуваат во продажба на украсни предмети и во голем дел, парите од собраните средства ги донираат онаму каде е најпотребно или ги користат  за потребите на училиштето.

Но, најголемо внимание привлече новогодишниот базар во ООУ “Никола Карев” од Кочани, кое благодарејќи на одличната организација на директорот и креативноста на учениците и наставниците, прерасна во една убава новогодишна приказна за која уште долго ќе се раскажува.

На новогодишниот базар, учениците учествуваа со свои новогодишни и декоративни изработки, а  свој настап имаше и училишниот хор. Новогодишната атмосфера беше збогатена со ДЏ Боно заедно со маскотата самовила која исполнува новогодишни желби. Секако, не би бил новогодишен базар доколку го нема и Дедо Мраз кој заедно со неговиот новогодишен воз ( тоа беа лица од ДППД) а патувајќи низ училишниот двор, блескаше од убавите детски насмевки.

Секако, овде беше и шест метри накитената новогодишна елка, како и други новогодишни декорации кои го привлекоа вниманието на посетителите.

Фото: Фото С. Мојсов

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава