Дојдов да ми издадете дозвола за гледање на сопственото дете…

#Бракот и #Семејството не се ниту играчка, ниту не лути се човече па да станеш на сред игра и да ја превртиш таблата ( #Развод ).
Многу бракови и семејства би биле спасени ако вклучените во нив не бегале на првата препрека….
Што мислите, бабите наши и дедовците не се скараа 50 години?
Не се навредија?
Се им беше убаво и нагоре?
Илјадници #Деца годишно остануваат без еден #родител само затоа што луѓето мислат дека тревата е позелена од другата страна на оградата, а таму има една убаво спакувана кутија на која пишува #Развод
Животот е борба,
Бракот е Борба,
Семејството е борба….
Како вели #Книгата,
Во добро и зло,
Здравје и болест,
Изобилие и немаштија,
Додека #Господ не нѐ раздели….
Обидете се.
Заради децата.
А ако баш не оди,
Останете барем Луѓе по #Разводот, не терајте ги #децата да бираат меѓу вас….
Зошто, бидете сигурни,
#Државата е лош стопан и суров господар….
Не оставајте ги вашите #деца на нејзина порта….

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава