Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Технологија

EK ќе инвестира 1,3 милијарди евра во вештачката интелигенција, кибер безбедноста и дигиталните вештини ширум Европа

30.03.2025 00:09
ФОТО: infobrics.org
Сподели

Брисел, 28 март 2025 (МИА) – Европската комисија денеска усвои Работна програма за инструментот „Дигитална Европа“ за периодот 2025-2027 година, со која се предвидени 1,3 милијарди евра за поддршка на клучните технологии кои се од стратешка важност за иднината на Европа и за технолошкиот суверенитет на континентот, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што соопшти ЕК, Работната програма се фокусира на примената на вештачката интелигенција во бизнис секторот и јавната администрација, на зајакнување на кибер безбедноста и за зголемување на дигиталните вештини.

Се очекува во текот на следниот месец ЕК да почне со распишување на конкурси за користење средства од Програмата за конкретни проекти. Право на учество на конкурсите ќе имаат компании, јавната администрација и други субјекти од членките на ЕУ и ЕФТА, како и од трети земји опфатени со „Дигитална Европа“, меѓу кои е и Северна Македонија.

Ad image

Клучните приоритети на Работната програма се насочени кон подобрување на достапноста на генеративните апликации за вештачка интелигенција, вклучително и во здравствениот сектор, како и кон поддршка на европските центри за дигитални иновации, што ќе им овозможи на компаниите и јавниот сектор пристап до техничка експертиза и тестирање, совети, обуки и вештини за усвојување на најновите технологии.

Банер Банер BrandEcho

Дополнително се предвидува надградба на иницијатива „Дестинација Земја“, насочена кон изработка на дигитален модел на Земјата за поддршка на климатската адаптација и управувањето со ризици од катастрофи, потоа зајакнување на кибер безбедност, пред се на критичната инфраструктура, проширување на капацитетите за образование и обука за дигитални вештини, усвојување на регулативите за „паричникот за дигитален идентитет“ од страна на земјите членки, како и стимулирање на трансформацијата на јавниот сектор преку развој на ефикасни, висококвалитетни и интероперабилни дигитални јавни услуги.

Со Работната програма се предвидува и поттикнување на иновациите за развој на стратешки технологии, преку подобрување на можностите за пристап до јавно и приватно финансирање.

„Дигитална Европа“ има за цел финансирање на проекти насочени кон доближување на дигиталната технологија до бизнисите и граѓаните. Со својот буџет од 8,1 милијарди евра за периодот 2021-2027 година, „Дигитална Европа“,  се надоврзува на финансирањата преку другите иницијативи на ЕУ, како „Хоризонт Европа“, „ЕУ за Здравството“, „ИнвестЕУ“, „Поврзување на Европа“ или Механизмот за обнова и отпорност.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Нови функции на Gemini доаѓаат на Google TV

По Амазон, и Гугл одлучи да ги зголеми инвестициите во „Антропик“

Совети за правилно користење продолжени кабли

Италија воведува нови правила за вештачка интелигенција

САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Кина ги забрани „Интел“ и „АМД“ процесорите од САД

Технологија

Кина забрани на ByteDance да користи Nvidia чипови: Како тоа ќе влијае на технологијата?

Технологија

„Како вештачката интелигенција го менува начинот на кој работиме и живееме?“

Маск ја повлече тужбата против „Опен-АИ“, откако објавија негови пишани пораки

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?