Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Колумни

Дијаспората во 21. век за Македонците значи анахронизам и антимакедонизам!

07.03.2026 08:06
ФОТО: Тодор Петров
Сподели

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето… За тие кои Македонците во светот ги именуваат со дијаспора, а ниту спомнуваат македонска дијаспора, затоа што дијаспора можат да бидат само граѓаните на некрологот “Северна Македонија“ со различно етничко потекло. И така, од дијаспора за граѓаните на “Северна Македонија“, убаво смислено, за полека но сигурно да ги забораваме етничките Македонци во окупираните делови на Македонија, кои балканските централи немилосрдно ги денационализираат и асимилираат, за да ја легализираат окупација врз Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и да го оправдаат геноцидот врз Македонскиот народ во окупираните делови на Македонија. Та, за спас од ликвидација и интернација, дел од Македонците станале поголеми католици од Папата – поголеми Грци од Грците во Грција, поголеми Бугари од Бугарите во Бугарија, поголеми Срби од Србите во Србија, поголеми Албанци од Албанците во Албанија.

Но, за волја на вистината.

Банер Банер BrandEcho

Да бидеме поразбрани: Во светот како глобално село нема дијаспора! Ај што е грчки збор и значи деленици, ама во свет на високи технологии и телекомуникации дијаспора нема, никој никому не е дијаспора!

Кој кому е дијаспора за тој со две и повеќе државјанства? Спиеш во Берлин, појадуваш во Париз, работиш во Рим, вечераш во Виена, кој кому е дијаспора?

Ad image

Од друга страна, дијаспората во Уставот ја внесоа велепредавниците, со уставните амандмани 33, 34, 35 и 36 на 11 јануари 2019 година, кога го сменија името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, за да ја избришат “грижата на Републиката за положбата и правата на деловите на македонскиот народ во соседните држави“, затоа што Заев со Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, културата и историјата на Македонија во Егејскиот дел им ја продаде на Грците и сега за цел свет тие се Македонци, а ние “Северномакедонци“. Приказната треба да ја заврши Софија, нас, Македонците во државата Македонија, пред светот да не декларира како Бугари, одродени од времето на комунизмот, иако Софија цел век коленичеше пред Москва, Бугарија беше и остана креација на руските интереси на Балканот заради излез преку Македонија на топлите мориња, на Медитеранот, на Средоземјето!

Наместо дијаспора, треба да зборуваме за Македонците во светот и за Македонскиот свет како свет на универзални вредности на македонската цивилизација!

Впрочем, големината на една цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности. А, универзални вредности на македонската цивилизација се: мирот и љубовта, наспроти војната и омразата; толеранцијата и коегзистенцијата, наспроти дискриминацијата и сегрегацијата; и културниот глобализам кој значи интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој поаѓајќи од профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури, се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка. Британскиот колонијализам и американскиот империјализам за неколку века од планетата Земја избришаа стотина етноси, јазици, религии и култури.

И не случајно Гоцевата мисла, на великанот на македонското револуционерно движење во 20. век, “светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, не само како негова лична импресија, туку како експресија на генетскиот код на една цела цивилизација – на македонската!

Нашите стари, не биле дури ни иселеници, туку печалбари, оделе во јабана печалеле и дома пак се враќале, носеле за семејството, за родот и породот и за стари крај.

Светскиот Македонски Конгрес не е организација на дијаспората. Светскиот Македонски Конгрес претставува неформален светски парламент на Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината. Светскиот Македонски Конгрес е прва и најстара македонска меѓународна невладина организација, формиран 1899 година во Женева, Швајцарија, од Македонците во Западна и Источна Европа, во времето на Отоманската империја, заради анимација пред Европа и светот на неотуѓивото, неотстапно и неприкосновено право на суверена и самостојна држава на Македонците – Македонија, возобновен во 1990 година во предвечерието на дисолуцијата на поранешна СФР Југославија! Светскиот Македонски Конгрес ја дпнесе македонската пролет во Македонија со четирите блокади на македонско-грчката граница во 1990 година!

Дијаспора за Македонците во 21 век значи анахронизам и антимакедонизам!

Колумната е личен став на авторот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Како тоа „грчки“ сонца во руска црква?

Македонските корени на софиските врховисти и на бугарските фашисти

Митридат и денешниот Македонец

Секое како, има одговор – еве вака!

Со Трамп, Светот нема да биде како до сега

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Колумни

Убиецот секогаш се враќа на местото на злосторството

Колумни

Македонија има вечни интереси

Колумни

Името на државата е идентитетот на нацијата!

Колумни

Русите дезинформирале, ама американците (дез)информирале

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?