Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Технологија

Инстаграм воведува користење вештачка интелигенција за утврдување на возраста на корисниците

22.04.2025 09:50
Сподели

Сан Франциско, 21 април 2025 (МИА) – Социјалната мрежа „Инстаграм“ почнува да користи вештачка интелигенција за да утврди дали помладите корисници ја фалсификуваат својата возраст на апликацијата, соопшти денеска компанијата „Мета“, која е сопственик на оваа платформа.

„Мета“ веќе некое време користи вештачка интелигенција за да ја утврди возраста на корисниците на различни апликации, а „Инстаграм“ од сега, како што се наведува, проактивно ќе бара профили за кои постои сомнеж дека припаѓаат на тинејџери, а кои имаат неточно внесен, односно постар датум на раѓање при регистрација на профилот.

Ако се утврди дека корисникот ја фалсификувал својата возраст, профилот автоматски ќе се претвори во „тинејџерски профил“, кој има повеќе ограничувања од профилот за возрасни.

Банер Банер BrandEcho

Тинејџерските профили на „Инстаграм“ се автоматски заклучени, односно приватни, што значи дека корисниците можат да ги следат овие профили само доколку сопствениците им го дозволат тоа со прифаќање на барање за следење, а заштитени се и пораките што ги добива сопственикот на профилот, односно добива само пораки од корисници со кои веќе е поврзан на апликацијата.

Содржината што е декларирана како „чувствителна“, како што се сцени на физичко насилство или промовирање пластична хирургија, исто така е ограничена, соопшти „Мета“.

Тинејџерите исто така ќе добиваат известувања доколку поминале повеќе од еден час на апликацијата, а воспоставен е и „режим на спиење“, кој меѓу 22 часот и 7 часот наредниот ден ги исклучува известувањата за пристигнати пораки и на некои од нив автоматски одговара.

„Мета“ додава дека вештачката интелигенција што ќе се користи за овие цели е обучена да бара одредени сигнали, како што е видот на содржината што се појавува на профилот и информациите за профилот, со цел да се утврди возраста на неговиот сопственик.

Компаниите кои се сопственици на социјалните мрежи се соочуваат со сè поголема контрола поради влијанието на апликациите како Инстаграм, X и ТикТок врз менталното здравје на помладите корисници.

Од Јасмина Тасевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни линкови
Поважни линкови од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД

„Сони“ го објави првиот трејлер за „Веном 3“

Dell го револуционизира полнењето: Само пет секунди за целодневна употреба!

Кина прекинува истрага против Google во услови на зголемени трговски тензии

Хакирани лични и банкарски податоци на стотици илјади жители на Род Ајленд

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Технологија

Meta ги повлекува огласите: Револуција во заштитата на менталното здравје на младите

Технологија

„Како вештачката интелигенција го менува начинот на кој работиме и живееме?“

Технологија

Пад на X: Корисниците ширум светот се жалат на проблеми со платформата

Технологија

ЕУ го санкционира Google со рекордна казна од 2,95 милијарди евра

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?