Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Истражување: Под површината на Марс има вода што би наполнила океан
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Истражување: Под површината на Марс има вода што би наполнила океан
Култура и наука

Истражување: Под површината на Марс има вода што би наполнила океан

30.09.2024
Share
SHARE

Сан Диего, 13 авгyст 2024 (МИА) – Ново прочување на Марс покажува дека под површината на оваа планета има вода доволно за да се наполни цел океан. Оваа вода, за којашто се верува дека се наоѓа на 11 до 20 километри под кората на Марс, најверојатно протекла од површината пред неколку милијарди години кога на „Црвената Планета“ имало реки, езера и, можеби – океани, според научниците од Институтот „Скрипс“ при американскиот Универзитет на Калифорнија во Сан Диего.

„Самото тоа што можеби сè уште тече вода во внатрешноста на Марс, не значи дека таа содржи живот. Наместо тоа, нашите наоди значат дека има потенцијално населлива средина“, се вели во извештајот.

Наодите објавени денеска се засноваат на истражувања сеизмички мерења од приземјувачот „Марс инсајт“ (Mars InSight) на НАСА, што откри повеќе од 1.300 земјотреси пред да биде затворен пред две години. Проучувањата на собраните податоци потоа посочија дека, многу веројатно, се работи за подземни води.

Според проценките, подземната вода би била доволна да наполни еден просечен океан со длабочина од еден до два километри. Ќе бидат потребни дупчалки и друга опрема за да се потврди присуството на вода и да се пронајдат потенцијални микробни знаци на живот.

Се смета дека Марс имал вода на својата површина пред повеќе од три милијарди години, а се чини, ја изгубил бидејќи атмосферата се разредувала, претворајќи ја планетата во сува пустина со прашлива површина. Научниците теоретизираат дека голем дел од оваа прастара вода испарила во вселената или останала закопана под површината на Марс.

Од Слободан Иванов Извор МИА

You Might Also Like

МОН: Се изработуваат шест закони од областа на образованието

Кина и Русија планираат изградба на нуклеарен реактор на Месечината

Почнува 63. издание на Струшките вечери на поезијата

Бигорски повторно домаќин на детската светска ликовна колонија – „Мал Битолски Монмартр“

Изет Сарајлиќ: Поет на љубовта, војната и човештвото

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?