Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Технологија

Јужнокорејската полиција истражува дали „Телеграм” е вмешан во сексуални злосторства

03.09.2024 07:01
Сподели

Сеул, 2 септември 2024 (МИА) – Јужнокорејската полиција започна истрага за платформата „Телеграм”, со цел да провери дали апликацијата за криптирани пораки е вмешана во ширењето на сексуална содржина, пренесе Јонхап, повикувајќи се на Националната истражна служба.

Бирото за кибер истраги одби да даде коментар за случајот.

Истрагата започна поради јавната и политичка загриженост за дигиталната диипфејк порнографија со јужнокорејски жени. Според локалните медиуми, таква содржина често се наоѓа во групи на платформата „Телеграм”.

Банер Банер BrandEcho

Минатата недела, јужнокорејските власти ветија дека ќе се борат против криминалот поврзан со сексуална експлоатација – што се совпадна со истрагата во Франција против Павел Дуров, рускиот основач на „Телеграм”, бидејќи властите таму го истражуваат учеството на организираниот криминал на платформата.

Националната истражна служба на Јужна Кореја коментира дека истрагите против платформите за сигурни пораки се сложени и одземаат многу време.

Минатата недела, компанијата изјави дека активно го модерира штетното содржина на својата платформа, вклучувајќи ја и порнографијата.

Јужна Кореја е најчеста цел на диипфејк порнографијата, при што нејзините пејачи и актерки сочинуваат 53 проценти од луѓето вклучени во такви обработени снимки, според извештајот за 2023 година за диипфејк на глобално ниво, изработен од компанијата Security Hero – американски стартап фокусиран на заштита од кражба на идентитет.

Јужнокорејската полиција соопшти дека бројот на случаи на диипфејк сексуални злосторства оваа година е 297. За споредба, во 2021 година, кога овие податоци првпат беа собрани, тие изнесуваа 156. Според полицијата, поголемиот дел од жртвите и извршителите на вакви злосторства се тинејџери.

Во прилог на барањето до сопствениците на социјалните мрежи и платформите за пораки да соработуваат поактивно при бришење и блокирање на таква содржина, јужнокорејскиот медиумски регулатор побара од француските власти редовна соработка по прашања поврзани со „Телеграм” и олеснување на директната комуникација со самата компанија.

Освен тоа, во петокот, јужнокорејската влада соопшти дека ќе инсистира на построги закони кои ќе го прогласат купувањето или гледањето на диипфејк снимки со сексуална експлоатација за кривично дело.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Руски суд парично ја казни платформата Телеграм затоа што одбила да отстрани содржини

Анкета: Корисниците на ТикТок во Германија имаат различни ставови за Кина и за Русија

Како технологијата го менува начинот на кој размислуваме и донесуваме одлуки

Рекорден број на блокирани веб-страници во Турција

Дали социјалните мрежи се зависност?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Технологија

Чиповите на патот кон рекордна продажба од 1 трилион долари!

Технологија

Broadcom предвидува рекорден раст во продажбата на чипови за вештачка интелигенција

Технологија

WhatsApp се трансформира: Нови AI асистенти за подобрена комуникација

Технологија

Наследникот на „Нинтендо свич“ се очекува догодина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?