Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Цени на горива
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: „Катимерини“: Атина во состојба на зголемена готовност поради ситуацијата на Блискиот Исток
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Цени на горива
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » „Катимерини“: Атина во состојба на зголемена готовност поради ситуацијата на Блискиот Исток
Балкан

„Катимерини“: Атина во состојба на зголемена готовност поради ситуацијата на Блискиот Исток

07.08.2024
Share
SHARE

Атина, 7 август 2024 (МИА) – Во состојба на зголемена готовност се наоѓа Атина со цел да реагира во случај на разгорување што би влијаело врз Либан. Атина и Никозија се во координација за евентуална евакуација, пред сè, граѓаните на Грција или на Република Кипар и доколку е потребно и на трети земји, главно од ЕУ, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во случај да биде побарана помош од Грција за евакуации, првото решение, според „Катимерини“ е грчката фрегата „Кунтуриотис“, која моментално плови покрај брегот на Либан како дел од постојаната мисија на поморските сили под покровителство на ОН, но доколку е потребно, постои можност да се испратат и други воени (или изнајмени) бродови, како и воздушни средства.

– Земји кои сакаат да ги вратат своите граѓани од Либан и поширокиот регион, како што се САД, Канада, Франција и Германија, очигледно имаат свои супериорни средства и квалитет, доколку бидат потребни дополнителни операции за оваа цел. Сепак, Атина е во директен контакт со сите партнери, особено со Отава, бидејќи многу голем број граѓани со канадски пасоши живеат во Либан. Аеродромот во Атина, како и воздухопловната база Суда се точките каде што авионите (цивилни или воени) што ќе ги користат овие земји, можат да бидат стационирани, како што беше случај во октомври и ноември 2023 година, по масакрите во јужен Израел и почетокот на операциите во Газа, пишува „Катимерини“.

Ad image

Весникот анализира дека Грција и Кипар се во координација со партнерите и за да се постигне максимална заштита на островот со оглед на тоа дека се наоѓа во непосредна близина и е во опасност од проектили „вон контрола“, а причината „не се заканите на Хезболах, туку интензивната електронска војна на поширокото подрачје на израелско-либанската копнена и поморска граница, што може да доведе до пренасочување на текот на проектил кој може да заврши во блиските области“.

Ad image

Од Сања Ристовска, Грција Извор МИА

▶ Случајно видео

You Might Also Like

Вучиќ: Бројките од митинзите против блокадата не им се допаѓаат на опонентите

Доларите од дијаспората спасуваат живот во БиХ

Бугарија со загрижувачки податоци за сообраќајната безбедност

Во Грција регистрирани вкупно 100 случаи на вирусот Западен Нил, од кои 24 во изминатата седмица

Вучиќ ја потпиша согласноста за враќање на задолжителниот воен рок во Србија, Владата ќе ја донесе таа одлука

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?