Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Showbiz

Книга на актерката Џулијана Мур забранета од Пентагон

19.02.2025 00:25
Сподели

Вашингтон, 17 фавруари 2025 (МИА) – Џулијана Мур, американска холивудска актерка, тврди дека Пентагон ја забранил нејзината илустрирана книга за деца во која се говори за различностите. Воената институција ја отстранила книгата „Јаготка со пеги“ (Freckleface Strawberry) за употреба во образовните установи под надлежност на Министерството за одбрана на САД, глобална мрежа од 160 училишта каде учат деца на воениот кадар на САД.

– Бев шокирана кога дознав дека администрацијата на Трамп ја забранила мојата прва книга „Јаготка со пеги“ во училиштата на Министерството за одбрана. Книгата е полуавтобиографска приказна за седумгодишно девојче кое не ги сака своите пеги, но на крајот учи да живее со нив кога сфаќа дека е посебна – исто како и сите други… Не можам да запрам да се прашувам што е толку спорно во оваа илустрирана книга за да биде забранета од американската влада. Длабоко сум разочарана, никогаш не би можела да замислам дека вакво нешто може да се случи во земја каде што слободата на говорот и изразувањето е загарантирано уставно право, напиша Мур на социјалната мрежа Инстаграм.

Новата администрација на Доналд Трамп врши огромни напори за укинување на таканаречената политика на разновидност, еднаквост и инклузивност (ДЕИ) во американската влада спроведувана од претходната администрација на Џо Бајден, со обвинување дека таквата политика била дискриминаторска. Трамп верува дека практиките на инклузивност ги нарушуваат граѓанските права. Администрацијата сега работи на идентификација и отпуштање на што е можно повеќе државни службеници кои работат на прашања поврзани со ДЕИ, јави Волстрит журнал.

Банер Банер BrandEcho

Покрај тоа, како што пренесе Ен-Би-Си, десетици вработени во Министерството за образование на САД кои биле на обуки за инклузивност и разновидност на работното место, веќе добиле понуда да поднесат оставка со отпремнина или да се соочат со можност за отпуштање.

Во изминатиот период многу американски компании како Гугл, Делоит (една од „големите четири“ консултантски фирми), Волмарт (најголемата светска мрежа за трговија на големо и мало), Форд, Харли Дејвидсон и Трактор суплај, се откажаа од примена на ДЕИ на работното место.

Од Борис Камчев, САД Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Шпанска партија повика на бојкот на „Евровизија“ поради Израел

Оскарите 2026: Познатите личности повикуваат на крај на војната во Газа и Иран

Швајцарија: 49 отсто од жителите против одржувањето „Евровизија“

Добротворната Фондација „Фајрворк“ на Кејти Пери – успешна приказна

Алек Болдвин побара отфрлање на обвиненијата против него

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, продолжува со медицинската дејност

Showbiz

Москва домаќин на Интервизија: Виетнамскиот пејач Дук Фук триумфираше

Showbiz

Готвиме италијански: Ново кулинарско шоу Cook it Italian за тајните на италијанската кујна

Showbiz

Бен Афлек и Џенифер Лопез ги подготвиле документите за развод

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?