spot_img

Либан истрела 25 проектили кон Голанската висорамнина

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Во Голанската висорамнина утрово се огласија сирени за тревога бидејќи Либан истрела околу 25 проектили, соопштија израелските одбранбени...
spot_imgspot_img
ПочетнаМагазинShowbizАлек Болдвин побара отфрлање на обвиненијата против него

Алек Болдвин побара отфрлање на обвиненијата против него

Вашингтон, 15 март 2024 (МИА) – Адвокатите на американскиот глумец Алек Болдвин побараа од Судот да ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против него. Правниците т​​врдат дека обвинителите изнеле неосновани тврдења и обвинувања против Болдвин.

Станува збор за несреќното пукање кон кинематограферката Халина Хачинс во 2021 година, за време на снимањето на филмот „’Рѓа“, при што таа го загуби животот, а режисерот Џоел Соуза беше ранет. Судењето е закажано за 10 јули во американската сојузна држава Ново Мексико. Барањето на Болдвин уследи откако поротата ја осуди Хана Гутјерез-Рид за убиство од небрежност во одвоено судење. Гутјерез се соочува со затворска казна до 18 месеци.

И на Болдвин му се суди за убиство од небрежност. Според познавачи, пресудата на Гутјерез-Рид може да биде олеснителна околност за актерот, оти тој на 31 јануари годинава повторно се изјасни невин.

Судот во Ново Мексико повторно ја отвори кривичната постапка против него на 19 јануари, повеќе од две години по инцидентот и девет месеци откако беше првично обвинет за смртта на Хачинс. Претходните обвиненија против него беа отфрлени минатиот април кога обвинителите соопштија дека на виделина излегле нови информации што налагаат натамошна истрага.

Немилиот настан со исход – убиство се случи во октомври 2021 година, кога Болдвин вежбал пукање со пиштол за потребите на филмот. Глумецот тврди дека не знаел дека пиштолот бил наполнет со вистински куршуми.

Од Слободан Иванов Извор: МИА

Придружете се на Вибер каналот на Македонија Денес. Притиснете ТУКА.
spot_img
spot_img