Кога Македонија ја декласираше Данска со 3-0 (ВИДЕО)

ФОТО: Принтскрин / YouTube

Во пресрет на вечерашниот натпревар се потсетуваме на убедливата победа на Македонија против Данска од 3-0. Се работи за пријателски натпревар кој се одигра на 6 февруари 2013 година во Скопје.

Чеде Јаневски, предводникот на Македонија, на овој натпревар настапи со: Пачовски, Лазевски, Новески, Грнчаров, Тодоровски, Демири, Глигоров, Пандев, Тричковски, А. Ибраими и Јаховиќ. Мечот од клупата го почнаа: Богатинов, Ристовски, Тасевски, Мојсов, Ивановски, Трајковски, Марковски, Блажевски и Стјепановиќ.

Мартин Олсен, селекторот на Данска, овој натпревар го започна со: Шмајхел, Јакобсен, Кјаер, Агер, Вас, Ромендал, Ериксен, Зимлинг, Крон-Дели, Јоргенсен, Корнелиус. На клупата беа: Квист, Окоре, Педерсен, Фишер, Слот, Шене, Линдегарт, Хансен, Стадсгард, Киркесков.

Стрелци на погодоците беа Горан Пандев, Агим Ибраими и Николче Новески.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава