„Македонија не припаѓа, ниту на Бугарите, ниту на Србите, ниту на Грците, а си припаѓа сама на себе“

На денешен ден е роден Васил Главинов (околу 1869 година, Велес), еден од пионерите на македонското социјалистичко и работничко движење.

Главинов рано се вклучил во ширењето на социјалистичките идеи меѓу македонските печалбари и бил меѓу првите што јавно се залагале за автономна Македонија и Балканска федерација. Основач е на првото просветно-работничко друштво во Македонија – „Читалиштето“ во Велес, како и издавач на весниците „Револуција“ и „Политическа свобода“, преку кои ја промовирал идејата дека Македонија им припаѓа на Македонците.

Починал во Софија во 1929 година. Денес, неговото дело се смета за темел на организираното работничко и социјалистичко движење во Македонија.

Сподели ја оваа објава