Македонија со најголем скок на ФИФА-листата – зад себе ги остави Бугарија, Албанија и БиХ!

Македонската фудбалска репрезентација направи голем чекор напред на најновата ФИФА ранг-листа, искачувајќи се за четири позиции – од 67. на 63. место со 1.390,79 поени. Овој напредок ја става Македонија меѓу селекциите со најголем скок, заедно со Курасао, Судан и Индонезија.

Причина за скокот се победата над Казахстан и ремито против Белгија, што донесоа 15 нови бодови и дополнителна самодоверба пред продолжението на квалификацискиот циклус.

Зад Македонија сега остануваат бројни регионални ривали како Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово – што дополнително ја потврдува добрата форма на избраниците на селекторот.

Следните предизвици ќе бидат клучни за потврдување на новиот ранг и за натамошен пробив на светската фудбалска мапа.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава