Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Колумни

Македонските вредности наспроти анти-вредностите на блудницата вавилонска!

ФОТО: Тодор Петров
Сподели

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Големината на една цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности.

Универзални вредности на Македонската цивилизација се: (1) мирот и љубовта, наспроти војната и омразата, (2) толеранцијата и коегзистенцијата, наспроти дискриминацијата и сегрегацијата, (3) културниот глобализам кој подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој поаѓајќи од профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури, се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка! Британскиот империјализам и колонијализам за неколку века уништил стотици етноси јазици религии и култури од планетата Земја.

- Advertisement -

Само тие што не ги знаат вредностите на сопствениот народ, ама забрефтани и разлигавени за евроатлантските интеграции, оти делеле пари а тие знаеле како да се трошат, како досега да не се доизнакрадоа, “знаат” да кажат, “ние ги споделуваме европските вредности”, иако ниту една од нив не знае! Ама, по правило, се зборува за европските вредности јои се де факто анти-вредности… вредностите самите нека си ги побараат меѓу себе.

А, европски анти-вредности се: колонијализмот, ропството, апартхејдот, нацизмот, фашизмот, либерализмот, анационализмот, сатанизмот, корпоративниот глобализам, педофилијата, зоофилијата, некрофилијата, легализацијата на истополовите брачни заедници и брачните заедници меѓу луѓето и животните, јавните куќи со животни, преименувањето на мајката и таткото во родител еден родител два или партнер еден партнер два што претставува антипод на семејството како брачна заедница меѓу еден маж и една жена…

- Advertisement -
Банер

Има ли една вредност помеѓу овие анти-вредности?

Има ли една не-вредност што не стана “вредност” за блудницата Вавилонска?

Што искусивме од европските “вредности“? Брисел инсталира марионетска влада во Македонија за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! И тоа е европска вредност? Тоа се права и слободи? Тоа се ли правда и демократија?

А, има само една вредност: ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Македонците не прифаќаат пристапување на Македонија во сојузи на држави, туку соработка со сите, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост што подразбира: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Тоа се обврски од референдумот одржан на 8 септември 1991 година и референдумот одржан на 30 септември 2018 година!

Иако ние Македонците сме единствени носители на државното име Македонија во светот, свесни дека Империјата Македонија е многу повеќе од Републиката Македонија, макар и еднострано, декларираме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите помеѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

И покрај се’ и после се’, предлагаме историско помирување на Македонскиот народ со соседните народи, и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост!

Во мултиполарниот свет, во кој американскиот унилатерализам и европскиот центризам се трајно минато свршено време, Македонија преферира политики на активен мултилатерализам, што значи соработка со сите – од пријатели никогаш доста, евро-атлантска и евро-азиска соработка!

И, се разбира, како и за сите, така и за нас Македонците правилото: Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси!

А, Македонија е библиска и света земја, Македонците ги описмениле и покрстиле народите во Источна Европа, Светите солунски браќа Кирил и Методиј се Македонци, Свети Климент и Свети Наум се Македонци, во Македонија е формиран најстариот универзитет во Европа – Охридската книжевна школа, во Македонија е покрстена првата христијанка во Европа Македонката Лидија, во Македонија се изградени првите цркви во Европа од Светиот Апостол Павле во Бер, Солун и Филипи, Цар Душан е Цар Македонски па на останатите, Цар Самоил е Македонски Цар па на останатите, Македонија е лулка на христијанството во Европа, Египетскиот крал Мохамед Али Паша е Македонец од Македонија, Турскиот претседател Мустафа Кемал Ататурк е од Македонија, најпознатата египетска кралица од времето на фараоните Клеопатра е Македонка, Јустинијана Прва е во Македонија, Македонскиот Цар Јустинијан ја изградил најголемата црква “Света Софија” во Истанбул, Македонската е една од најстарите цивилизации во светот, најголемиот војсководител Александар е Македонец, првата христијанка во Русија, Великата руска кнегиња Олга е покрстена и крунисана во соборниот храм “Света Софија” во Охрид, Великиот руски кнез Владимир кој го прогласил христијанството за државна религија е покрстен во соборниот храм “Света Софија” во Охрид… има уште многу вредности кои се вградени во темелите на светот и Европа… Овие македонски вредности, не се есап за кусур за европските анти-вредности, Ве молам!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Колумната е личен став на авторот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Коридори на мирот или коридори за војна!

Македонија има вечни интереси

Русите дезинформирале, ама американците (дез)информирале

Убиецот секогаш се враќа на местото на злосторството

Проклетство до пеколот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Колумни

Можна ли е милитаризација на Европа без САД?

Колумни

Ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано!

Колумни

Нам Македонците не ни треба лиценца од Грците за вера во Бога, затоа што имаме апостолско преемство од светиот Апостол Павле!

Колумни

Пукна тиквата помеѓу Брисел и Вашингтон

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?