Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Колумни

Метастазите на блудницата вавилонска

ФОТО: Тодор Петров
Сподели

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Американскиот унилатерализам и европскиот центризам се’ повеќе се трајно минато свршено време. Светот ниту започнува во Брисел и Вашингтон, историјата таму не завршува.

Светот се гради на мултиполарни основи, вредност и поравило на однесување меѓу народите и државите се’ повеќе станува членот 1 од Повелбата на Обединетите Нации – основниот принцип на меѓународното право на “суверена еднаквост“ што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи. Што ТИ мене, тоа ЈАС тебе! Моето постоење не зависи од твоето признавање, како што твоето постоење не зависи од моето признавање. Ако не ми отвориш порта да влезам кај тебе дома, нема да умрам на прагот од твојата куќа, светот е преголем за со пат под нозе не појдам кај други.

- Advertisement -

Арно ама, Европската комисија како одговор на ветото на Виктор Орбан, кое унгарскиот лидер го потврди за време на самитот на ЕУ минатата недела изјави “Нема објективни причини“ да се спречи Украина да ја започне првата фаза од процесот на пристапување!

“Кога земјата-кандидат е задржана без објективна причина, и покрај тоа што ги исполнува критериумите, целиот процес на проширување го губи својот кредибилитет“, изјави портпарол на Европската комисија.

- Advertisement -
Банер

Патем, ова горново важи ли и за Македонија? Или лицемерието и дволичноста на европската администрација немаат мерка и граница?

Е, затоа, Македонците, оваа Европа ја опеале како блудница вавилонска. Таква била, таква и ќе остане, додека престане да постои.

Ама, македонскиот народ тоа сосема одлично го оценил и затоа на референдумот одржан на 30 септември 2018 година речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, НЕ ГЛАСАА “за членство во ЕУ и НАТО” и ја отфрлија Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ.

За жал, пратениците и членовите на Владата на шарлатанот Зоран Заев, ја суспендираа слободно изразената волја на Македонците по род и државјанство и гласаа за членство на Македонија во НАТО, а водат и постапка под ненормални услови на демонтажа на државноста и народот за членство на Македонија во Европската Унија под услов промена на името на државата и “историјата и културата на Македонија како дел од хеленската цивилизација”. И затоа треба да одговараат со казна доживотен затвор и конфискавија на личниот имот и имотот на членовите на семејствата дома и во светот!

Знаjте, кога ќе ви спомнат “владеење на правото”, “слобода” и “демократија”, Ве лажат! Промената на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ е спротивно и на владеењето на правото и на слободата и на демократијата!

Промената на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ претставува најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!

И, досадните пораки од ЕУ… Со две изјави на прес конференцијата со премиерот Мицкоски, комесарката за проширување Марта Кос, ја оплеска работата пред македонската јавност.

Првата тема на која падна Марта Кос, која е Словенка, е македонскиот идентитет, а втората е впишувањето на Бугарите во Уставот како недоволен услов за влез во ЕУ.

Марта Кос, на денешната прес конференција во Скопје, рече дека не може да ни даде никакви гаранции дури и да ги внесеме Бугарите во Уставот! Веќе чуено и видено…

Веројатно несвесна за тоа што го стори, Марта Кос навредливо го спореди македонскиот идентитет со тавче гравче, полнети пиперки и пинџур.

“Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастирите во Македонија, погачата, тавче-гравчето, пинџурот или полнетите пиперки, како ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците”, рече Марта Кос.

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да влезе во дијалог со Марта Кос и’ одговори дипломатски но, со јасна порака дека Марта Кос прави грешка.

“За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански… Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет!”

Крај на приказната! Итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година и итно и безусловно продолжување на членството во ООН под единственото државно историско и генеричко име кое се состои само од еден единствен збор – зборот Македонија! И итно и безусловно еднострано распуштање на македонско-бугарската и македонско-грчката меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Колумната е личен став на авторот.

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Македонија има вечни интереси

Убиецот секогаш се враќа на местото на злосторството

Системот меѓу Дон Кихот и Пабло Ескобар

Македонските корени на софиските врховисти и на бугарските фашисти

Коридори на мирот или коридори за војна!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Колумни

Нам Македонците не ни треба лиценца од Грците за вера во Бога, затоа што имаме апостолско преемство од светиот Апостол Павле!

Колумни

Саможртва за семејството и за татковината!

Колумни

Нема договор! Се договорија да продолжат да се договараат

Колумни

Малото дете Израел

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?